Убедливи причини зошто треба да спиете целосно голи со вашиот партнер

Доколку досега сте мислеле дека нема ништо поудобно од вашите пижами и широки маици што ги носите за спиење, време е да го промените вашето мислење. Имено, научниците откриле дека спиењето голи со саканата личност е добро за здравјето. Во продолжение прочитајте зошто уште вечерва треба да се ослободите од целата облека пред да потонете во длабок сон…

Убедливи причини зошто треба да спиете целосно голи

Подобро спиеме кога нашата телесна температура е пониска

Многу помирно спиеме кога нашата телесна температура е пониска, а колку помалку парчиња облека носиме толку помалку топлина задржуваме. Дури и најмалото покачување на температурата може да ја зголеми активноста во одредени делови од мозокот што доведува до немирен сон.

Чувствуваме поголема емоционална поврзаност со партнерот

Спиењето голи до партнерот ослободува голема количина на окситоцин. Окситоцинот е „љубовен“ хормон кој го подобрува расположението, ни помага да го одржуваме имуниот систем и го зголемува чувството на  емоционална поврзаност.

Побрзо заспиваме и полесно се будиме

Спиењето голи значи дека нема парчиња облека кои би ја попречувале размената на топлина, а тоа е одлично за циркулацијата. Тоа може да ни помогне да заспиеме побрзо и да се разбудиме полесно што претставува проблем за многумина. Токму затоа спиењето голи е особено препорачливо за луѓе што имаат проблеми со сонот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар