Убедлив аргумент кој докажува зошто луѓето кои постојано флертуваат се подобри од останатите

Луѓето кои бесцелно флертуваат обично ги бие лош глас. Се смета дека доколку немате намера да прејдете од зборови на дела, флертот нема апсолутно никаква поента. Меѓутоа, според филозофот Алан де Ботон, тоа не е вистина.

Убедлив аргумент кој докажува зошто луѓето кои постојано флертуваат се подобри од останатите

Флертувањето е социјален процес од витално значење кој служи за зголемување на самодовербата и подобрување на расположението. Добронамерниот флерт претставува еден вид обид да им се даде поттик на луѓето да веруваат во сопствената психичка и физичка привлечност.

Ова објаснување за флертот на Алан де Ботон навистина звучи логично и чесно. Сетете се на последниот пат кога некој бесрамно флертувал со вас и вие сте возвратиле на флертот. Можеби сега не ви се допаѓа тоа што флертот не ве одвел никаде и не сте размениле ниту телефонски броеви, но мора да признаете дека добиеното внимание ви годело и сте се почувствувале убаво и задоволно од себеси барем за момент.

Според сето ова, воопшто немојте да се двоумите дали да флертувате или не, бидејќи токму вашето внимание може да разубави нечиј ден! Погледнете го и следново видео кое ќе ви покаже како да станете одлични флертувачи…

Доколку ви се допадна оваа тема, прочитајте кои се најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар