Убавици кои го рушат стереотипот за манекенските пропорции

Убавици кои го рушат стереотипот за манекенските пропорции

На модните писти обично чекорат девојки со одредени мали пропорции кои се бараат од нив, а нивниот изглед е наметнат како идеал за убавина од страна на модната индустрија и медиумите. Тоа придонесува голем број жени бескрајно да се трудат да дојдат до пропорциите на витките манекенки, иако природната градба на нивното здраво тело не им го овозможува тоа. Од оваа причина, а и поради зголемената свест кај жените и потребите на индустријата, сè повеќе популарни стануваат манекенките со поголеми пропорции.

Убавици кои го рушат стереотипот за манекенските пропорции

Овие убавици ги рушат поставените стереотипи за манекенските пропорции. Нив не ги собира во малите фустани наменети за слабите девојки, но тоа не фрла сенка на нивниот прекрасен изглед. И покрај тоа што не одговараат на сè уште владејачкиот идеал за женска убавина во нашата култура, тие ја прифаќаат својата раскошна убавина и женствени облини. Овие девојки немаат вишок килограми, туку само се чувствуваат убаво во своја кожа, прекрасни какви што ги создала природата. Ова се дел од најпознатите од нив.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.