Туристите проговорија: Венеција е измама, Дубаи е без душа, Каиро е преполн со безобразни луѓе

Туристите проговорија: Венеција е измама, Дубаи е без душа, Каиро е преполн со безобразни луѓе

Корисниците на Редит одлучиле со читателите да ги споделат местата и градовите во кои не се чувствувале добро и пријатно. Иако на многумина им се допаѓаат Париз и Венеција, очигледно постојат и бројни туристи кои не ги прифаќаат баш најдобро овие популарни дестинација, и откако ги посетиле, си заминале дома разочарани.

1-patnicite-progovorija-venecija-e-izmama-dubai-e-bez-dusha-kairo-e-prepoln-so-bezobrazni-lugje-www.kafepauza.mk_

За Париз и Венеција коментарите се прилично слични. Туристите најмногу замеруваат за високите цени, па често може да се слушне забелешката дека се работи за градови кои всушност најмногу служат како замка за туристите. Така, на пример, еден корисник пишува за Венеција:

„Мојот пријател и јас со траект отидовме до друг остров, таму ручавме, се вративме со траектот назад и сето тоа го плативме помалку отколку еден ручек во Венеција. Токму затоа сметам дека Венеција е најголема туристичка замка.“

Кога станува збор за високи цени, на листата се наоѓа и Куала Лумпур со слични коментари како и за Венеција.
За престолнината на Египет, Каиро, критиките најмногу се однесуваат на однесувањето на населението.

„Градот е валкан, а луѓето се безобразни“, може да се прочита од еден пост на Редит.

„Таксистите не сакаат да вклучат таксиметар кога ќе видат дека сте странец“, вели друг корисник.

2-patnicite-progovorija-venecija-e-izmama-dubai-e-bez-dusha-kairo-e-prepoln-so-bezobrazni-lugje-www.kafepauza.mk_

Градот кој во последните години стана навистина популарна дестинација е Дубаи. Но што велат туристите за него?

„Дубаи е град без душа, култура и целосно е вештачки. При последната посета ми изгледаше дека ќе полудам ако овде би поминал повеќе од еден ден.“

На удар на корисниците на Редит се нашле и неколку помалку познати градови.

„Од Европа слетав во Аделаида и иако градот изгледаше како добро место за живеење, во споредба со Сиднеј и Мелбурн е неверојатно досаден.“

„Кувајт – таму нема ништо. На знам зошто отидов на прошетка, најверојатно само за да можам да кажам дека сум бил таму.“

„Барем да ја заобиколевме Манила. По само ден и половина ни стана досадно, за разлика од другите места на Филипините.“

„И локалното население кое знаеше англиски се чудеше што правиме во Медан, што се наоѓа во Северна Суматра.“

Бидејќи поголемиот дел од забелешките се однесуваа на скапотијата, прочитајте ги овие совети за поевтино патување низ светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар