Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе

Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе

Експертите за маркетинг, користејќи напредни техники за следење на активацијата на одредени делови во мозочната кора, како и брзината на дишење, отчукувањата на срцето, движењето на телото и потењето, утврдиле дека скоро сите потрошувачи слично реагираат кога се изненадени, воодушевени или разочарани.

Објаснувањето за тоа се наоѓа во нашиот анимален инстинкт, потсвеста и емоциите, кои честопати го надвладуваат разумот, па во склад со тоа понекогаш одлучуваме и непромислено.

(1) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mk

Ваквите истражувања од една страна им помагаат на компаниите да продадат повеќе производи, но исто така им помагаат и на купувачите подобро да го разберат своето однесување и моментот кога мозокот им соопштува „купи го ова, а не нешто друго“.

Големина

Производителите на облека често означуваат со помали броеви за да мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и заради тоа сме среќни што купуваме.

(2) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mk

Колички

Од големината на количките за пазарење зависи колку ќе купиме, па така ако се поголеми, подложни сме да купиме за 37% повеќе.

Мириси

Аромите се подеднакво важни. Благодарение на нив, на купувачите им се отвора апетитот, поттикнувајќи поголема потрошувачка на прехранбени продукти.

Мирисите кои нѐ потсетуваат на детството и придонесуваат за создавање чувство на сигурност, ги зголемуваат шансите за купување или за трошење пари.

(3) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mk

Музика

Дури 76% од американите купувачи на прехранбени продукти одлучуваат што ќе купат во продавница, без разлика на претходно подготвената листа, а експертите објаснуваат дека тоа е така бидејќи вниманието им го одвлекуваат и другите производи на рафтовите. И музиката влијае на купувачите. Што погласна, тоа повеќе купувачот ја губи самоконтролата, со што се зголемуваат шансите за импулсивно купување.

Осветлување

Дали некогаш сте се запрашале зошто овошјето и зеленчукот се секогаш во близина на влезните врати на големите маркети? Тоа е бидејќи тие изгледаат поздраво и посвежо на природно светло. На одделот за долна облека пак, осветлувањето е послабо отколку во останатиот дел од продавницата за да се добие чувство на интимна атмосфера.

(4) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mk

Време

Трговците исто така често се обидуваат да ве задржат што подолго во продавницата, а овој метод особено го практикуваат продавачите на мебел. Штом влезете во нивниот лавиринт од прекрасно дизајниран изложбен мебел, лесно ќе бидете убедени, покрај со ламба, од продавницата да излезете и со нови завеси.

Мирис на кокос

Заради мирисот на кокос може да се почувствувате како да сте на плажа, па дури и ако не ви треба, ќе посегнете по нов костим за капење.

Women in boutique.

Само пробајте…

Презентациите на кои имате можност да го пробате производот ви даваат прилика да го „запознаете“, а така многу полесно ќе се одлучувате и за купување.

Добра вест е што сепак можеме да го излажеме мозокот и да купуваме помалку. Тоа ќе го постигнеме доколку ја промениме свеста за тоа што би претставувало вистинска добивка за нас.

Истражувањата покажуваат и дека постои поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и способноста за одложување на некое пријатно искуство, па така попаметните луѓе можат подобро да го контролираат купувачкиот нагон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар