Традицијата на прославувањето Нова година

Прочитајте ги следниве новогодишни занимливости и дознајте го значењето на многубројните традиции кои се практикуваат во овој период ширум светот. Занимливости поврзани со Нова година

  • Првата прослава на Нова година се случила пред 4.000 години во древниот Вавилон, кога првата млада месечина по пролетната рамноденица ја одбележала годината.
  • Во 46 година п.н.е. Јулиј Цезар го создал календарот според кој годината започнува со 1 јануари. Овој месец бил наречен така во чест на Јанус, богот на почетоците.
  • Кога во 1907 година огнометот бил забранет, по три години од првата новогодишна прослава на Тајмс Сквер, властите на плоштадот пуштиле огромна топка направена од дрво и железо за да го означат крајот на старата и почетокот на новата година.
  • Бакнувањето точно на полноќ има долга традиција. Според англискиот и германскиот фолклор, годината ќе ни зависи од тоа која ќе биде првата личност што ќе ја сретнеме во новата година. Но, ова суеверие не се однесува само на оние кои не се во врска. Се верува дека и паровите кои нема да се бакнат точно на полноќ нема да имаат убава иднина заедно.
  • Најчестиот избор на пијалак за Нова година е шампањот. За таа цел, секоја година во областа Шампањ во Франција се произведуваат околу 300 милиони шишиња со ова пенливо вино. Сепак, пенливите пијалаци потекнуваат од 17 век, кога била измислена тапата која ги задржувала ферментираните гасови.

Занимливости поврзани со Нова година

  • Раширено е верувањето дека бенедиктискиот монах Дом Перињон го измислил шампањот, но ваквото верување не е точно. Но, легендарниот свештеник сепак имал клучен придонес во развојот и производството на пијалаците.
  • Карактеристични за новогодишните и божиќните празници се и слатките. Во Мексико и Грција се подготвуваат специјални новогодишни торти во кои се крие мала награда. Оној кој ќе го добие парчето со наградата се верува дека ќе го следи среќа целата година.
  • Во Шведска и Норвешка се практикува слична традиција со тоа што се сокрива бадем во сутлијаш. Во Италија новогодишните слатки се прават со мед затоа што се верува дека така годината ќе биде блага. Крофните кои имаат кружна форма се карактеристични за Полска и Унгарија.
  • Шпанците за Нова година јадат 12 зрна грозје точно на полноќ, за годината да им биде плодна. Оваа традиција настанала во 1909 година, како резултат на суфицитот на грозје, а подоцна се проширила и во Португалија, Венецуела, Куба, Мексико, Еквадор и Перу.
  • Уште една новогодишна традиција поврзана со храната се практикува во Јужна Америка каде што луѓето јадат зелка, кељ и слични зелјести растенија затоа што зелените листови од овие растенија ги симболизираат банкнотите. Освен зелјести растенија, често се консумираат и мешунки кои ги означуваат монетите. Заради тоа, во Бразил првиот оброк во новата година се состои од леќа или ориз.

Занимливости поврзани со Нова година

  • Во земјите од Јужна и Средна Америка оние кои се во потрага по љубов носат црвена долна облека, а оние кои се во потрага по пари носат жолта. На Филипините луѓето носат долна облека со точки за новогодишната ноќ.
  • Не секој ја прославува Нова година на 1 јануари. Кинеската Нова година започнува со првиот ден од лунарниот календар, на крајот од јануари или на почетокот од февруари. Во тој период вообичаено за секое семејство е темелно да се исчисти домот за да се избрка лошата судбина, да се јадат традиционални специјалитети со ориз и вечерта да се заврши со пукање петарди.
  • Многумина веруваат дека ако скршат нешто за време на најлудата ноќ, тоа навестува кршење и на некое пријателство или љубовна врска. Наместо тоа, многу луѓе ширум светот за Нова година пукаат петарди и слични пиротехнички средства затоа што веруваат дека така ќе ги исплашат лошите духови и ќе обезбедат нов почеток.

Занимливости поврзани со Нова година


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар