Топлата напивка е идеалното разладување за жешките денови!

Последното нешто што ви паѓа на памет кога се потите во жешките денови е да си направите шолја топол чај, но науката открива дека тоа е најдобриот начин да се разладите! Звучи парадоксално, но објаснувањето има логика. Сѐ е поврзано со потта.

Топлата напивка е идеалното разладување за жешките денови!

Пиењето топла напивка ја зголемува топлината на телото и тоа реагира со потење. Излачената пот е поголема од внатрешната топлина, а кога потта испарува од нашата кожа, ние почнуваме да се ладиме.

Потта ја зголемува загубата на топлината и ги намалува телесните залихи на топлина. Овие информации се познати благодарение на Оли Џеј, истражувач од Универзитетот во Отава.

Нашите тела се потат кога пиеме нешто топло поради нервните рецептори на јазикот. Кога нашиот јазик ќе ја прими информацијата дека консумираме топла напивка, ги праќа информациите до мозокот кој почнува да го разладува телото преку потење.

Но, треба да знаете дека доколку пиете топла напивка во средина каде што потта нема да испари, на пример на место каде што е многу жешко и влажно, врелиот пијалак најверојатно нема да ви помогне. Во тој случај, држете се до ладните течности.

Топлата напивка сепак му дава малку топлина на телото, така што ако потта не испарува, одлучете се за ладен пијалак.

Во продолжение прочитајте зошто е добро да се пие топла вода со лимон.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар