Топ дестинации за шопинг

Топ дестинации за шопинг

Автор: Александра Чакаровска

Не мора да сте зависници од шопинг за да ги посетите најдобрите дестинации во светот, каде буквално можете да си купите сè што ќе ви текне на памет. Доволно е да ги пронајдете на вашата мапа, да ги земете кредитните картички и да заборавите на својата заштеда. 🙂

Топ дестинации за шопинг

5-тата авенија во Њујорк

Ова место е идеално за оние кои преферираат „тренди“ стил и се секогаш во чекор со најновите збиднувања во модата. Прада, Луј Витон, Гучи, Фенди, Версаче се само дел од најпознатите модни куќи каде можете да се подновите со некое луксузно парче облека. 5-тата авенија е идеално место и за децата, бидејќи токму овде е сместена најголемата продавница за играчки „Фао Шварц“. Исто така и вљубениците на технологијата нема да останат разочарани, бидејќи овде ќе можат да ја посетат познатата „Епл“ продавница.

Топ дестинации за шопинг

Галеријата Виторио Емануел II во Милано

За сите вљубеници во архитектурата од 19 век, ова е извонредно место каде шопингот може да се претвори во вистинско уживање. Галеријата Виторио изградена во 1870 година, плени со својот средновековен раскош и убавина. По многуте часови поминати низ продавниците, можете да се опуштите и да седнете во едни од најдобрите ресторани во Милано, сместени токму во оваа галерија.

Топ дестинации за шопинг

Трговскиот центар во Дубаи

Најголемиот трговски центар во светот, со исклучок на Северна Америка, се наоѓа во Дубаи. Распослан на 2,4 милиони квадратни метри, ова е место каде ќе уживате во уникатниот ентериер специјално дизајниран за потребите на центарот. Она што воодушевува е затворениот ски-центар „Ski Dubai“, огромно пространство прекриено со  вистински снег кога температурите надвор се качуваат и до 40 степени.

Топ дестинации за шопинг

Стоковната куќа „Вако“ во квартот Гинза, Токио

Квартот Гинза е најпопуларниот во Токио кога се работи за забава и шопинг. Куќата Вако“, лоцирана во срцето на Гинза, е популарна по луксузниот накит, скапите часовници и порцеланските предмети. Изградена во ренесансен стил, е една од малкуте згради што ја преживеале Втората светска војна.

Топ дестинации за шопинг

Галеријата „Лафајет“ во Париз

Галеријата Лафајете вистински рај за сите оние за кои шопингот претставува задоволство. Оваа галерија, изградена во 1894 година, е една од најстарите дестинации за купување во Париз. Освен најновите паришки трендови на модата, галеријата е посетена од цел свет и поради познатите светски брендови кои нудат производи од прва класа. Бидете подготвени да потрошите нешто екстра за паришко парче од високата мода, кое ќе ви остане како спомен за цел живот.

Топ дестинации за шопинг

Центарот „Итон“ во Торонто

Трендовски и еден од најпосетуваните трговски центри во Торонто, е токму центаротЕатон. Во оваа застаклена галерија се сместени околу 250 продавници и буквално можете да купите сè што ве интересира, од накит, облека, работи за домаќинството и електроника.

Топ дестинации за шопинг

Стоковните куќи „Селфриџес“ и „Хародс“ во Лондон

Овие две големи куќи се едни од најлуксузните дестинации во Лондон кога се работи за шопинг. Многу од продавниците и рестораните кои се наоѓаат овде се едни од најпознатите во светот. Трговскиот центар Хародсе познат по големиот избор на чевли, облека и накит со печат од најпознатите светски брендови.

Топ дестинации за шопинг


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    hahahha
    za kolku pari sevo ova?
    Sudejki po toa sto go vidov vo Dubai, ne mozeme bas da si kupime nesto.
    Dovolno da stigneme samo do tie destinacii.

Остави коментар