Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Кога станува збор за социјалните мрежи, она што е најпопуларно и за кое најмногу се зборува се фотографиите. А, кога веќе сме на тема фотографии, тогаш не можеме да го изоставиме Инстаграм. Бидејќи 2016 веќе ја оставивме зад себе, време е да видиме кои филтри беа најпопуларни и најмногу користени на оваа социјална мрежа.

1. Clarendon

(1) Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Многу често се заборува за светлината и нејзината важност во моментот кога се создава фотографијата, бидејќи таа треба да биде добра, доколку сакате она што го фотографирате да изгледа квалитетно и да биде убаво на изглед. Овој филтер овозможува поголема осветленост на фотографијата, но и нагласување на самите предмети кои се наоѓаат на неа.

2. Gingham

(2) Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Овој филтер беше еден од најмногу користените за оваа година. Тој овозможува сива нијанса, но сето тоа зависи од самата природа на фотографијата, бидејќи понекогаш ја нагласува и во некои жолти тонови. Без разлика за кој од тие два тона се работи, сепак ја истакнува „мрачната страна“ на самата фотографија.

3. Juno

(3) Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Овој филтер е одличен кога ќе посакате да ја нагласите светлината на вашата фотографија, но и да ѝ додадете портокалов, црвен и жолт отсјај. Токму тоа е и предноста поради која овој филтер се најде на листата со 5-те најупотребувани филтри за обработка на фотографиите на социјалните мрежи.

4. Lark

(4) Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Уште еден филтер кој ја нагласува фотографијата низ потемни тонови е овој филтер, кој се наоѓа на четвртото место на листата од најмногу користени Инстаграм филтри за 2016-та година.

5. Moon

(5) Кои беа најупотребуваните 5 филтри на Инстаграм за 2016 година?

Последниот, но не и помалку важен, е месечевиот филтерот кој е петтиот по ред од најмногу користените и првиот кога се во прашање црно-белите фотографии. Доколку сакате фотографии од овој тип, тогаш со сигурност сте го искористиле повеќепати.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар