Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

Автор: Ивана Грујоска

Сите потајно посакуваме нашиот шеф да скрши нога, па да бидеме раат барем неколку дена. Но, што ако имате среќа (или несреќа) да работите за овие луѓе? Секако, она што го работите е вашата работа од соништата, платата е и повеќе од одлична, ама… Следува листа на најлошите ТВ шефови што не дај Боже да ги имате во реалниот живот.

1. Бади Акермен – Пливање со ајкули

Тип шеф: психосадист

Нема ништо како шеф, кој ужива да ве мачи во секој дел од денот и ноќта. Холивудскиот продуцент Бади Акермен, игран со ентузијазам од Кевин Спејси, го злоупотребува неговиот помошник Гај (Френк Вели) толку често, што тој конечно е принуден да бара начин да му се одмазди на Бади.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

2. Бил Ламберг – Деловен простор

Тип шеф: бесмислен микроменаџер

Ламберг е шеф кој сака бескрајно долги белешки, документи и виси над вас, барајќи да дојдете на работа за време на викендите за да надокнадите. Гери Кол го доловува  карактерот на шефот со фрази како: „Што се случува?“ и „Ааа“?Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

3. Лорд Волдеморт – Хари Потер

Тип шеф: чисто зло од волшебник

Навистина,  мора многу да нечиниш за да бидеш Смртојад. Со лице на змија, Лорд Волдеморт (Ралф Фајнс), не толерира грешки или несогласување во каква и да било форма. И секој што ќе ги изневери неговите очекувања е упатен  на „смрт“ во Смртојад.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

4. Г-дин Барнс – Симпсонови

Тип шеф: злобен барон и крадец

Ах, г-дин Барнс. Ексцентричниот милионер раководи со електраната во Спрингфилд, затворен во неговата палата, опкружен со своите пари, понижувајќи ги неговите работници. Единствен вработен кој му се восхитува е Смитерс, неговиот лојален помошник, советник, човек од доверба и таен обожавател.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

5. Миранда Присли – Ѓаволот носи Прада

Тип шеф: психолошки злоставувач

Портретирана од Мерил Стрип, безмилосниот уредник на моден магазин Миранда, раководи од шефовската позиција по пат на застрашување, со што нејзините вработени се принудени да се движат како по јајца. Но, таа исто така знае да ја цени интуитивноста и способноста и ги наградува оние кои тоа го покажуваат, особено нејзиниот асистент (Ен Хатавеј).Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

6. Френклин Харт – Девет до пет

Тип шеф: сексистичка свиња

Толкуван од Дабни Колман, г-дин Харт е еден ужасно лош шеф, кој ужива да ги понижува и сексуално да ги малтретира жените кои работат со него. Но, кога на жените (Лили Томлин, Џејн Фонда и Доли Партон) ќе им дојде преку глава, г-нот Харт си ја добива својата, и тоа како, заслужена казна.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

7. Дарт Вејдер – Војна на ѕвездите

Тип шеф: мајстор за заплашување

Сериозно, само погледнете го. Целиот приказ на Дарт Вејдер и начинот на кој се однесува, го плаши до смрт секој кој доаѓа во контакт со него. И фактот дека тој може и да ги убие своите подредени со помош на темната страна на силата, само додава дополнителен страв.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

8. Капетан Квиг – Бунтот Кејн

Тип шеф: параноичен шизофреничар

Кога сте капетан на морнарската фрегата за време на Втората светска војна, навистина не е време да се обвини вашата екипа за кражба на јагоди и да губат време и напор за започнување истрага. Меѓутоа, капетан Квиг не го гледа тоа така. Маестрално портретиран од Хемфри Богарт, тој е вистински лудак од командант.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

9. Мајкл Скот – Канцеларијата

Тип шеф: неефикасен менаџер

Мајкл мисли добро (во поголемиот дел од времето), но неговата нарцисоидност и кукавичлук му стојат на патот на правилното менаџирање на своите вработени. Од сите актери кои го играа овој лик, сепак името Мајкл Скот секогаш ќе биде нераскинливо поврзано со брилијантната игра на Стив Карел.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

10. Маргарет Тејт – Предлогот

Тип шеф: жена-змеј

Секој работодавец кој го присилува својот асистент да се ожени со неа само за да може да добие зелена карта не е многу добар. Иако издавачот  Маргарет (Сандра Булок) и нејзиниот подреден Ендрју (Рајан Рејнолдс) на крајот испаѓа дека се еден за друг, почетното барање ја става Маргарет недвосмислено на листата.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

11. Луис де Палма – Такси

Тип шеф: морално предизвикувачки мудрец

Главниот диспечер на такси компанијата „Сонце“, Луис, го  поминува најголемиот дел од своето време играјќи си суд во внатрешноста на неговата диспчерска кабина и разменувајќи пцовки со возачите. Игран од страна на големиот Дени де Вито, ништо не е под овој човек, па така, Луис нескриено ужива во своите злодела.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времиња

12. Кетрин Паркер – Вработени девојки

Тип шеф: корпоративен забивач на нож во грб

Кетрин (Сигурни Вивер) е еден од оние корпоративни алпинисти кои не се двоумат да ги повлечат оние под нив за да го добијат она што го сакаат. Итрата работа во врска со Кетрин е што таа ја наведува  Тес (Мелани Грифит), нејзиниот асистент, да мисли  дека таа е на нејзина страна, дека се во ист тим, кога јасно се гледа дека не е баш така. Тес дознава и успева да ја победи Кетрин во сопствената игра.Топ 12 најлоши ТВ шефови на сите времињаНа оваа листа задолжително мора да ги додадеме и тројцата ужасни шефови, кои во истоимениот филм ги играат Кевин Спејси, Џенифер Анистон и Колин Фарел.

Кога ќе погледнете од оваа перспектива, што би рекле за вашиот шеф?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар