Топ 10 научни откритија за 2011 година

Ова е листа на најголемите научни откритија во 2011-та година според најпопуларните вести на National Geographic.
.

1. Откриена авионска несреќа во Областа 51

Областа 51 е создадена од страна на американската влада за време на студената војна. Местото било под врвна безбедносна заштита и токму тука тие ги вршеле сите авионски тестирања. Оваа година е откриено постоењето на прототипот А-12 чија хаварија се случила во 1963-та година. А-12 бил скоро невидлив за радарот и летал со 3.540 км на час. Со таква брзина тој можел да ја прелета територијата на Америка за само 70 минути.Топ 10 научни откритија за 2011 година

2. Пронајдена ретка ајкула „киклоп“

Ова чудно суштество било пронајдено во Мексико во октомври. Овој фетус е долг 54 см и има само едно око сместено на врвот на главата. Оваа појава е позната како киклопија, којашто се јавува кај некои животински видови, вклучувајќи го и човекот. Постојат документирани докази за постоењето на ваков вид ајкули, но само додека се во ембрионалниот развој, односно кога се внатре во матката. Тоа укажува дека надвор од неа тие не можат да преживеат. Но, ова било така сè додека не го пронашле овој вид во водите на мексиканскиот залив. Научниците имаат уште многу да учат.Топ 10 научни откритија за 2011 година

3. Повторно активирање на супер вулкан во Јелоусотоун, Америка

Во Националниот парк Јелоустоун, супер вулкан повторно се активирал со што предизвикал поткревање на земјиште од неколку милји, потврдиле научници во јануари. Вриечкиот вулкан предизвикал моќни ерупции, многу поголеми од катастрофалните вулкански ерупции на планината Св. Хелена во 1980 година.Топ 10 научни откритија за 2011 година

4. Фатен најголемиот крокодил?

По 3-неделно бркање, на Филипините е фатен најголемиот крокодил кој е долг 6,4 метри и тежи 1.075 килограми. Се претпоставува дека овој крокодил е одговорен за напад на неколку луѓе и за смрт на двајца. Досега, Гинисовиот рекорд го држеше Австралиски крокодил, долг 5,4 метри. Сега тој рекорд е срушен.Топ 10 научни откритија за 2011 година

5. Нов вид печурка создава „зомби“ мравки

Нов вид од фунгите Ophiocordyceps camponoti-balzani расте на главата на мравките со што им дава чуден изглед. Првично се мислело дека тоа е формација од еден вид, но потоа било откриено дека се работи за микс од 4 видови, кои всушност имаат контрола врз умот на мравките. Овие видови ја инфицираат мравката, ù го „окупираат“ мозокот и кога ќе најдат идеална локација за развивање на спорите го убиваат инсектот.Топ 10 научни откритија за 2011 година

6. Фатена најголемата бела ајкула

Во заливот на мексиканскиот остров Гвадалупе е фатена најголемата риба на светот, белата ајкула. Ајкулата е долга 5,5 метри и го соборува претходниот рекорд за најголема ајкула која била долга 5,1 метар.Топ 10 научни откритија за 2011 година

7. Откриена планета погодна за живот

NASA овој декември го потврди постоењето на можен близнак на нашата планета, кој е оддалечен 600 светлосни години. Планетата кружи околу своето Сонце, исто како и нашата и е откриена со помош на Кеплеровата вселенска мисија. Голдилок-зоната (населива зона) на површината на оваа планета е појасот каде не е ни премногу жешко ни ладно и е можен развој на жив свет.Топ 10 научни откритија за 2011 година

8. Ископан древен град на Маите

Археологот Бриџит Ковачевич, во близина на тунел кој водел до античка пирамида, открил остатоци од град на цивилизацијата на Маите. Овој град се наоѓа длабоко во џунглите на Гватемала. Со помош на џипиес и електронски уреди, научниците полесно стигнале до овие остатоци и откриле неколку пирамиди, опсерватории и други структури.Топ 10 научни откритија за 2011 година

9. Пронајден е мечот на Црнобрадиот?

Може ли оваа позлатена урна да биде дел од мечот на познатиот пират од 18-от век, Црнобрадиот? Не може со сигурност да се знае, но се претпоставува, со оглед на тоа дека е откриена во Северна Каролина крај остатоците од бродоломот, кој се верува дека е како резултат на одмаздата на кралицата Ана.Топ 10 научни откритија за 2011 година

10. Пронајдена планета слична на Земјата

Откриена е нова планета која е многу слична на Земјата и е на одалеченост од 36 светлосни години. Камената планета со доволно облаци може да биде погодна за живот. Наречена HD85512b, оваа планета била забележана како орбитира околу портокалово џуџе-ѕвезда во соѕвездието Вела, а е видена од HARPS во Чиле.Топ 10 научни откритија за 2011 година
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар