Топ 10 факти за слоновите

Прочитајте неколку факти за овој загрозен вид интелигентни животни…

1. Дали сте знаеле дека денес живеат само три вида слонови? Тоа се саванскиот (африкански), шумскиот (африкански) и азискиот, кој е исто така познат и како индиски слон. Сите останати видови се изумрени. Некои заради климатските промени и вегетацијата, а некои како резултат на ловот. Во минатото постоеле околу 170 видови слонови.Топ 10 факти за слоновите2. Слоновите се најголемите копнени животни во светот. Најголемиот слон регистриран досега, бил застрелан во Ангола, во 1956 година. Тој бил мажјак, тежел 11 тони и бил висок 3,96 метри, што е за еден метар повеќе од просечната висина на машкиот африкански слон.Топ 10 факти за слоновите3. Бременоста кај слоновите трае 22 месеци, подолго одошто кај кое било друго животно на земјата. Новородените слончиња тежат околу 120 килограми. Просечниот животен век на овие животни е од 50 до 70 години. Најстариот слон живеел 82 години. За здравите и возрасни слонови нема природни предатори, иако лавовите можат да совладаат помлади и послаби поединци. Може да се каже дека единствениот непријател им е човекот.Топ 10 факти за слоновите4. Слоновите имаат и најголем мозок од сите копнени животински видови. Тој тежи над 5 килограми. На овие животни им се припишува широка палета чувства и интелигентни однесувања. Такви се: тагата, сочувството, самосвеста, уметничките способности, реагирање на музика, алтруизам, игра, можност за користење алатки конструирани од човекот…Топ 10 факти за слоновите5. Машките и женските слонови драстично се разликуваат. Женките целиот свој живот го поминуваат во тесна врска со семејството, живеат во групи составени од нивните мајки, ќерки и други женки-роднини… Предводени се од најстарата женка, односно матријарх. Возрасните мажјаци пак, главно живеат осамен живот.Топ 10 факти за слоновите6. Извиените коски кај возрасните мажјаци растат по околу 18 сантиметри годишно. Ги користат за да го расчистат патот пред нив, но и за да ископаат храна, вода, сол или корења. Со нив ја лупат и кората од дрвјата, со која се хранат. Ги користат и за да ја означат нивната територија, а повремено и како оружје.Топ 10 факти за слоновите7. Сурлата е најважниот дел кај слонот. Африканските слонови имаат две ноздри на сурлата, а азиските само една. Таа е толку чувствителна што може да подигне дури и најмала тревка, но, сепак, доволно силна за да ги искрши гранките од дрвјата кои им го попречуваат патот. Сурлата исто така, се користи и за пиење вода. Слоновите со едно вшмукување, можат да соберат 14 литри вода. Сурлата им служи и за бањање. Прво се мијат со вода, а после вшмукуваат кал и се прскаат со него. На ваков начин прават заштитен слој на кожата, кој ги штити од сонцето.Топ 10 факти за слоновите8. Африканските слонови живеат во 37 земји во Африка. Тие во неколку работи се разликуваат од азиските. Значително се поголеми и имаат вдлабнатина на грбот. Најзабележителни се нивните големи уши. Тие се долги 1,5 метри и широки 1,2 метри. Сите африкански слонови имаат коскени израстоци. За разлика од нив, кај азиските слонови тоа е карактеристика само за мажјаците. Африканските слонови се и помалку влакнести од нивните азиски роднини. Женките пак, од азискиот вид имаат слабо развиена сурла.Топ 10 факти за слоновите9. Слоновите се добри пливачи, но не можат да скокаат или да галопираат. Имаат два начина на движење, нормално одење и брзо одење, кое наликува на трчање.Топ 10 факти за слоновите10. Слоновите се тревопасни животни и знаат да потрошат околу 16 часа дневно за јадење растенија. Нивната исхрана е многу променлива, како сезонски, така и по региони. Се хранат со листови, кора и плодови од дрвјата и грмушките, но исто така пасат и трева и билки.Топ 10 факти за слоновите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар