Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел свет

Кога гостите во ексклузивниот њујоршки хотел „Standard“ во Менхетен ќе го посетат тоалетот во клубот „Boom Boom Room“, ги пречекува прекрасен поглед кон градот, низ стаклените прозорци од таван до под. За жал, истото воодушевување не може да се очекува и од случајните минувачи надвор, кои се стаписуваат кога на 18-от кат од хотелот буквално гледаат како луѓе одат по мала или по голема нужда.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светТоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светЗабавниот момент во овој необичен тоалет е фактот дека кога ќе влезете внатре нема никаков знак кој ќе ве предупреди, па можеби токму поради тоа луѓето мислат дека стаклото не е провидно од надворешната страна и продолжуваат да уживаат во своите приватни мигови. Сепак, стаклата се провидни од двете страни, па голем број туристи однадвор, кои се во посета на Хај Лајн Паркот, се забавуваат фотографирајќи ги голите задници.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светНекои луѓе коментираат дека погледот однатре е фантастичен, но однадвор е ужасен. Други велат дека додека седеле на веце-шолјата забележале како луѓе им мавтаат однадвор и биле шокирани, а трети сметаат дека нема ништо срамотно во тоа да се оди во веце.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светОвој хотел е омилен помеѓу познатите личности, а едни од посетителите на овој хотелски клуб и тоалет се Леонардо Дикаприо и Камерон Дијаз.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светПогледнете како изгледа овој тоалет, прикажан преку видео снимка:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар