Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Родено во Африка, од страна на француски фотографи кои се занимаваат со фотографирање на дивиот живот, Типи Дегре е девојче со најнеобично детство во светот. Ова девојче израснало во африканската пустина и оформило цврста пријателска врска со многу диви, недресирани диви животни, вклучувајќи 28-годишен африкански слон со име Абу и леопард со прекар Џеј енд Би, како и со млади лавчиња, жирафи, ној, мунгос, крокодили, бебе-зебра, гепард, огромна жаба, па дури и со змија.

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Африка бил нејзиниот дом во текот на многу години, па така Типи станала најдобра другарка со бесните диви животи и луѓето од племињата во Намибија.

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Кога била уште многу малечка, оваа Французинка рекла: „Јас немам пријатели овде, бидејќи никогаш немам прилика да видам други деца. Па затоа, животните се моите пријатели.“

Родителите Алан Дегрѐ и Силви Робер го документирале животот на Типи и нејзиниот однос со африканскиот див живот и ги претвориле тие моменти во воодушевувачки книги и филмови. Во книгата „Tippi of Africa“ која била издадена во 1998 година, се работи за животот на Типи и нејзините родители, како и за цврстата врска која постои помеѓу неа и дивите животни, што го направило ова девојче многу познато ширум светот.

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Таа им беше целосно наклонета на овие животни. Веруваше дека животните беа нејзина големина и нејзини пријатели. Ја употребуваше сопствената имагинација за да живее во овие необични околности.“ – вели нејзината мајка

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Доколку се занемарат некои очигледни и нормални родителски грижи, денешната 16-годишна Типи го има добиено најдоброто воспитување. Нема многу луѓе, кои можат да се пофалат дека животот го живееле како вистинска авантура, во кој јавале ноеви во нивното слободно време или дека нивниот најдобар пријател во детството бил африкански слон, кој е еден од најголемите животни на планетата Земја!

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка

Во продолжение, можете да погледнете и видео со Типи и некои нејзини другарчиња од дивиот свет, како и трејлерот за документарецот „Bridging the Gap to Africa“.

Типи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од АфрикаТипи – девојчето чии најдобри другари се дивите животни од Африка



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. анонимна Reply

    Девојчево е женска верзија на Тарзан 😀

Остави коментар