Тинејџерите повеќе ги сакаат Снепчет и Инстаграм отколку Фејсбук

Фејсбук почнува да ја губи својата популарност кај тинејџерите, според истражување спроведено од eMarketer. Во исто време, социјалните мрежи Снепчет и Инстаграм постојано ја зголемуваат својата популарност.

tinejdzerite-povekje-gi-sakaat-snepshet-i-instagram-otkolku-fejsbuk-kafepauza.mk

„И двете платформи го пронајдоа својот успех бидејќи се користи визуелна содржина за комуницирање“, изјавил аналитичар од eMarketer.

Ова е веќе втора година откако почнала да се намалува популарноста на Фејсбук. Тинејџерите дури и целосно ги бришат своите профили, а оние кои ги задржале, поминуваат сè помалку време на оваа социјална мрежа. Постои предвидување дека Снепчет ќе ги надмине и Инстаграм и Фејсбук кога станува збор за млади корисници (од 12 до 24 години).

Со појавата на Снепчет во 2013-та година, прв пат се забележало намалена употреба на Фејсбук од страна на тинејџерите. Речиси 4 години подоцна, проблемот на Фејсбук станал уште поголем. Бидејќи и Инстаграм е на истата компанија, тие се обидуваат да ги клонираат карактеристиките на Снепчет за да ја зголемат популарноста на Инстаграм.

Други резултати од истражувањето на eMarketer

  • Користењето на Фејсбук во САД кај личностите од 12 до 17 години ќе се намали за 3,4%, и тоа на 14,5 милиони корисници.
  • Се очекува бројот на корисници на Фејсбук сепак да се зголеми (за околу 2,4%) бидејќи сè повеќе повозрасни лица ја користат оваа мрежа.
  • Се очекува бројот на Снепчет корисници да порасне за 25.8% до крајот на 2017-та година, и тоа со најмногу корисници на возраста од 18 до 24 години.
  • Бројот на корисници на Инстаграм ќе се зголеми за 23,8% до крајот на 2017-та, и тоа 19% од корисниците ќе бидат под 12 години, а 8,8% ќе бидат на возраст до 17 години.
  • Во Велика Британија бројот на Фејсбук корисници е 32,5 милиони, што сè уште го прави најпопуларна социјална мрежа.
  • Во 2017 година се очекува речиси четвртина од населението во Велика Британија да има Инстаграм профил.

Во своето истражување, eMarketer ги бројат корисниците кои ја посетуваат социјалната мрежа барем еднаш месечно.

Погледнете и кое е лошото влијание од социјалните мрежи.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар