Ти посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогување

Ти посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогување

Една жена присуствувала на тажно разделување на аеродром. Мајка и ќерка стоеле прегрнати, сè додека не се чул повикот сите патници да влезат во авион. Стоејќи во близина на излезот кон авионот, тие се прегрнале уште еднаш и мајката ѝ рекла на својата ќерка: Те сакам и ти посакувам доволно.“ На тоа ќерката одговорила: Мамо, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов е сè што некогаш ми требаше. И јас на тебе ти посакувам доволно.“

Ти посакувам доволно: Единствените зборови кои треба да ги кажете при збогување

Тие се бакнале и ќерката отишла. Мајката се приближила до прозорецот каде што стоела жената која ги набљудувала. Таа изгледала како во секој момент дека ќе заплаче. Иако жената посакувала да ѝ пријде и да ја прегрне, сепак ја оставила да биде сама со своите мисли. На нејзино изненадување, мајката ја изненадила со едно прашање: Дали некогаш сте рекле некому збогум, знаејќи дека тоа би можело да биде засекогаш?“

Да, ѝ одговорила таа. Извинете што прашувам, но зошто ова збогување е засекогаш?“

Стара сум, а таа живее многу далеку. Ме очекуваат големи предизвици во иднината, а реалноста е дека нејзиното следно враќање ќе биде за мојот погреб, рекла старата мајка.

Кога се збогувавте, чув дека ѝ рековте ‘Ти посакувам доволно.’ Смеам да прашам што точно значи тоа?“

Старицата почнала да се смее. Тоа е желба која се пренесува со многу генерации. Моите родители им ја кажуваа на сите…

Таа замолчила на момент и погледнала нагоре како да се обидувала да се сети на сите детали, а потоа уште поубаво се насмеала…

Кога кажувавме ‘Ти посакувам доволно’, ѝ посакувавме на другата личност живот исполнет со онолку добри нешта колку што ѝ се потребни за убаво да живее и да може да ги поднесе сите проблеми.“

Ти посакувам доволно сонце за да го осветли твоето расположение и свет.

Ти посакувам доволно дожд за да можеш да го цениш сонцето уште повеќе.“

Ти посакувам доволно среќа за да го одржи твојот дух жив и вечен.“

Ти посакувам доволно болка за дури и најмалите задоволства во животот да ти изгледаат големи.

Ти посакувам доволно добивки за да ги задоволиш твоите желби.“

Ти посакувам доволно загуби за да ги цениш сите оние нешта кои ги поседуваш.“

Ти посакувам доволно поздрави кои ќе те доведат до конечниот збогум.“

Велат дека е потребна само минута со цел да ја најдеме посебната личност, еден час да почнеме да ја цениме, ден за да ја засакаме, а потоа цел живот за да ја заборавиме…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар