Ти благодарам мамо

Доколку некој во овој момент ве праша за што би ѝ се заблагодариле на вашата мајка, кој би бил вашиот одговор?

Ти благодарам мамо

Токму тоа била идејата на Мајкл Марантс, кој на денот на мајката во Америка решил да прошета низ улиците во Њујорк и да го поставува ова прашање на случајни минувачи. Некои од нивните одговори биле сосема очекувани, но повеќето од нив биле уникатни, интересни и неодоливи…

„Ти благодарам зашто ми помагаш со мојата домашна работа.“

„Ти благодарам зашто ме запозна со панк музиката кога бев млад.“

„Ти благодарам што ме научи како да се смеам.“

„Ти благодарам што ме извади од неволја кога ја запалив шумата.“

„Ти благодарам што ме научи на мелодијата на животот.“

„Ти благодарам зашто си откачена, зашто танцуваш спонтано и се забавуваш.“

„Ти благодарам што ми дозволи да те сакам.“

„Ти благодарам што ме научи да ги ценам малите нешта.“

„Ти благодарам зашто стоиш покрај мене без разлика на тоа колку глупави избори правам.“

„Ти благодарам зашто не се откажа од мене кога избегав од дома.“

„Ти благодарам зашто си секогаш тука кога ми треба рамо за плачење.“

Погледнете ги и останатите одговори во ова необично видео кое со сигурност ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.

„Би ви бил многу благодарен доколку го споделите ова видео со вашата мајка. Мојата цел е да направам колку што можам повеќе мајки среќни“ – вели Мајкл.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. kiki Reply

    sto me rodi da si go ziveam ovoj prekrasen zivot so prekrasni licnosti okolu mene a edna od poglavnite vo niv si tiiiiii

  2. Lale Reply

    Mila moja, jas sum srekna majka! Love you:)

    • Моника Трајковска Reply

      :)

Остави коментар