Тестирајте се и откријте дали сте на вистинскиот животен пат

Во животот доаѓа момент кога треба да направите некој избор, а не сте сигурни. За да ви се олесни тоа, обидете се да го направите овој тест. Земете пенкало и хартија и со помош на овие три чекори утврдете која работа би ве правела среќни до крајот на животот.

Тестирајте се и откријте дали сте на вистинскиот животен пат

Прв чекор: Направете листа со работите што сакате да ги направите. Фокусирајте се на активности што ви одговараат, а избегнете ги оние во кои сте добри само затоа што долго време сте ги правеле.

Втор чекор: Направете листа со работи што не сакате да ги правите. Бидете искрени, а на врвот на листата ставете го она што најмалку го сакате.

Трет чекор: Земете ја листата со работи што сакате да ги направите и поставете си ги следниве шест прашања:

1. Дали би ја работеле таа работа доколку никој не ви плаќа за тоа?

2. Дали тоа е работа која секојдневно би ве инспирирала?

3. Дали извршувањето на таа работа ви е исто како и дишењето, едноставно и природно?

4. Мислите ли дека имате вештини за таа работа?

5. Брзо ли ви поминува времето кога ја работите таа работа?

6. Можете ли да заработите нешто од таа работа?

Доколку одговорите на сите овие шест прашања ви се негативни, нормално е дека таа работа не е за вас. Кога ќе пронајдете работа за која на сите шест прашања можете да дадете потврден одговор, тогаш проверете дали се совпаѓа со елементите наведени во листата на работи кои не сакате да ги правите. Ако се совпаѓа само со една или две наведени работи, тогаш заокружете ги и продолжете да ги проверувате другите. Кога ќе пронајдете неколку кои ви одговараат, споредете ги и одберете ја онаа во која мислите дека најдобро ќе се снајдете.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар