Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Тестот се состои од 98 кратки искази. Не се обидувајте го откриете нивното скриено значење.

Бодувајте ги одговорите со поени од 1 до 5, односно запишувајте го бројот на поени за секој исказ.

1-testirajte-se-doznajte-koja-boja-e-vashata-aura-kafepauza.mk

Пред да почнете:
  • Внимателно прочитајте ги петте можни одговори.
  • Одлучете што за вас значат зборовите ретко, понекогаш и често.
  • Одговарајте на едно прашање само по еднаш, брзо.
  • Забележете го првиот одговор кој ќе ви падне на памет.
  • Ако ви е тешко да одговорите на некое прашање, веројатно се работи за карактеристика или особина која најмалку ви одговара.
  • Пополнете го прашалникот без детално анализирање на секој одговор, едноставно само забележувајте ја на лист првата реакција.
Начин на бодување:
  • 1 поен – Тоа воопшто не сум јас
  • 2 поени – Многу ретко сум таков/а
  • 3 поени – Понекогаш сум таков/а
  • 4 поени – Често сум таков/а
  • 5 поени – Тоа сум јас
Поедноставено бодување:
  • 1 – никогаш
  • 2 – многу ретко
  • 3 – понекогаш
  • 4 – често
  • 5 – секогаш

Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.

2-testirajte-se-doznajte-koja-boja-e-vashata-aura-kafepauza.mk

Прашалник:

  1. Размислувате методично.
  2. Имате силна внатрешна желба да оставите трага во светот.
  3. Ви пречат емотивните и семејни барања од околината.
  4. Езотеричните духовни или политички филозофии емотивно и интелектуално многу ве привлекуваат.
  5. Тежнеете кон сѐ што е необично или авангардно.
  6. Лесно се расплакувате.
  7. Не судите критички за начинот на кој другите луѓе ги изразуваат своите чувства.
  8. Се чувствувате удобно во секоја средина каде што лекувањето е примарна дејност или занимање.
  9. Кога сте соочени со некој опасен потфат, внимателно планирате како ќе решите каква било кризна ситуација до која би можело да дојде.
  10. Вие сте самотник.
  11. Кога решавате некој проблем, можете истовремено визуелно да ги предочите сите фази и решенија.
  12. Немате никакви предрасуди во врска со сексуалноста: хетеросексуалност, бисексуалност или хомосексуалност.
  13. Сакате да извршувате задачи кои бараат физичко ангажирање.
  14. Во одредени ситуации најпрво реагирате физички (на пример ви се потат дланките), а дури потоа ментално или емотивно.
  15. Кога ќе се најдете во улога на лидер кој треба да донесе некоја одлука, настојувате да соберете што е можно повеќе податоци од другите луѓе.
  16. Социјалните збиднувања како коктел-забавите ви се досадни.
  17. Сакате професии кои овозможуваат неограничени финансиски можности како што е на пример трговијата.
  18. Кога имате пари ги трошите, кога немате не трошите.
  19. Вие сте нонконформист.
  20. Тешко ви е да кажете „не“ кога луѓето ќе ве замолат за услуга.
  21. Ги организирате проектите создавајќи систем на работа.
  22. Кога се работи за тоа како треба да се однесувате во различни социјални ситуации, снимате што прават другите и настојувате да се однесувате во склад со нив.
  23. Бестрашно се соочувате со физички предизвици.
  24. Бавно ги бирате пријателите.
  25. Можете да бидете добар ментор иако менторираните не ви се емотивно лојални.
  26. Во школо најдобро учите во неорганизирани услови.
  27. Сексот за вас е физичко уживање.
  28. Кога ќе се најдете во некоја тешка ситуација, сакате да побегнете или да се преправате како да не постои.
  29. Тешко ги споделувате вашите емоции со други.
  30. Повеќе би сакале да бидете теоретичар на проект и да се препуштите на изработка на работен модел за други.
  31. Проблемите ги дијагностицирате според препознатлив шаблон.
  32. Вие сте сонувач кој сака да живее во своите фантазии.
  33. Вие сте спонтана личност.
  34. Искусувањето на божјата љубов е извор на вашата животна сила.
  35. Настојувате да ја унапредувате вашата лична или социјална заедница.
  36. Ретко ги покажувате своите најдлабоки емоции.
  37. Сакате активности кои ви овозможуваат да ја покажете својата физичка кондиција.
  38. Работите ги проценувате според тоа колку се цврсти и трајни, но и опипливи.
  39. Ве привлекуваат религиите кои имаат цврста теолошка структура, но истовремено дозволуваат лично толкување.
  40. Раководите така што ги терате луѓето да размислат и да ги преиспитаат своите стари уверувања, вредности и начин на работа.
  41. Кога ќе збеснете, брзо се изладувате.
  42. Не сте цинични.
  43. Сакате социјални активности кои се мешавина од работа и задоволство.
  44. Не трошите пари со лесно срце на други луѓе.
  45. Бог го сфаќате како мозок кој ја создал вселената.
  46. Својата сексуалност ја изразувате креативно, интуитивно и експериментално.
  47. Ве привлекуваат производи со необичен или неочекуван изглед.
  48. Кога барате работа, тешко ви е да прашате колкава ќе ви биде платата.
  49. Сметајте дека најголемиот придонес кој можете да ѝ го дадете на вашата заедница е добро да го израснете и школувате своето дете.
  50. Сакате да читате биографии и дневници кои ги опишуваат животите на вистински луѓе.
  51. Повеќе сакате поединечно одошто групно натпреварување.
  52. Бавно прифаќате какви било системи на верување.
  53. Силно се трудите да им удоволите на луѓето кои ги сакате и за кои ви е грижа.
  54. Сметате дека духовноста е присутна во сѐ што правите.
  55. Ако имате доволно пари за неопходните животни потреби, среќни сте.
  56. Бог го доживувате како физичко чувство на радост за живеење.
  57. Склони сте кон духовни системи на верување, кои се темелат на закони и принципи.
  58. Раководите така што на луѓето им кажувате што треба да прават.
  59. Најмногу сакате друштво од неколку внимателно избрани пријатели кои интелигентно ве стимулираат.
  60. Занимавањето со уметност често ве задржува дома.
  61. Склопувате површни пријателства од кои не очекувате многу.
  62. Позгодно ви е да делите раководна позиција со уште една личност.
  63. Финансиски им помагате на разни групи и организации кои се грижат за добросостјобата на општеството.
  64. Изворот на вашата лична сила е во способноста за ментално повлекување во себе.
  65. Не ве интересира организираната религија ни други системи на верување.
  66. Совесно ги следите упатствата на вашиот претпоставен.
  67. Сакате социјални настани кои ви овозможуваат да разговарате со многу различни луѓе.
  68. Треба полека да ве будат од длабок сон за да не би се раздразниле или дури и да осетите физичка болка.
  69. Кога учествувате во некој групен спорт, вие го водите тимот кога изгледа дека сѐ е изгубено.
  70. Сакате забава.
  71. Парите за вас претставуваат сигурност.
  72. Сметате дека треба да направите нешто значајно во животот.
  73. Помагањето на луѓето преку давање информации или идеи ви причинува големо задоволство.
  74. Повеќе сакате донекаде изолиран начин на живот одошто таков во кој би морале да се подредите на општествените очекувања.
  75. Кога ќе видите нешто што ви се допаѓа, веднаш си го дозволувате, а подоцна ќе го плаќате (на пример со кредитна картичка).
  76. Не сакате напорни спортови како скијање, маратон или дигање тегови.
  77. Сметате дека духовните принципи треба да имаат практична примена во секојдневниот живот.
  78. Сакате мирни, интроспективни духовни дисциплини.
  79. Повеќе сакате да работите за провизија или дури и како хонорарец, одошто за редовна, точно утврдена плата.
  80. Сметате дека за да бидете добар лидер најпрво треба да бидете добар ученик.
  81. Имате проблем со правилно распределување на парите.
  82. Не може човек да ве натера да направите нешто што не ве интересира.
  83. Духовноста ја доживувате кога физички учествувате во богослужби.
  84. Полетно ги водите луѓето затоа што сакате да бидете со луѓе.
  85. Сакате да работите со технички уреди како што се компјутерите и стерео уредите.
  86. Материјалните добра ви се важни како oтскочна даска за моќ и влијание.
  87. Идеите за вас се предмети а не ментални апстракции.
  88. Идеите ги сфаќате како тридимензионални шаблони.
  89. Својата духовност ја изразувате низ силна поврзаност со природата.
  90. Кога донесувате некоја одлука, настојувате да најдете решение кое сите ќе ги задоволи.
  91. Раководите така што чувствата на другите луѓе ги вклопувате во процесот на донесување одлуки.
  92. Најдобро работите во мирна, тивка средина каде што сите контакти со луѓето се ограничени.
  93. Не ви требаат пријатели ни дружење за да бидете среќни.
  94. Парите за вас претставуваат физичка сигурност и стабилност.
  95. Заборавате каде што оставате (се мисли на лични предмети).
  96. Сакате да работите со раце.
  97. Сакате да знаете како и зошто работите функционираат онака како што функционираат.
  98. Сакате да се занимавате со работа која бара физичка активност.

3-testirajte-se-doznajte-koja-boja-e-vashata-aura-kafepauza.mk

Збирот од поените на секое прашање од одредена група ја дава бојата. Прочитајте што таа боја отркива за вас.

I група

A) прашања: (1; 15; 29; 43; 57; 71; 85) боја = Ментален окер
Б) прашања: (2; 16; 30; 44; 58; 72; 86) боја = Виолетова
В) прашања: (3; 17; 31; 45; 59; 73; 87) боја = Зелена
Г) прашања: (4; 18; 32; 46; 60; 74; 88) боја = Лаванда

II група

Д) прашања: (5; 19; 33; 47; 61; 75; 89) боја = Темноцрвена
Ѓ) прашања: (6; 20; 34; 48; 62; 76; 90) боја = Сина
Е) прашања: (7; 21; 35; 49; 63; 77; 91) боја = Пожртвуван окер

III група

Ж) прашања: (8; 22; 36; 50; 64; 78; 92) боја = Кристална
З) прашања: (9; 23; 37; 51; 65; 79; 93) боја = Портокалова

IV група

Ѕ) прашања: (10; 24; 38; 52; 66; 80; 94) боја = Физички окер
И) прашања: (11; 25; 39; 53; 67; 81; 95) боја = Прекрасен окер
Ј) прашања: (12; 26; 40; 54; 68; 82; 96) боја = Индиго
К) прашања: (13; 27; 41; 55; 69; 83; 97) боја = Црвена
Л) прашања: (14; 28; 42; 56; 70; 84; 98) боја = Жолта

4-testirajte-se-doznajte-koja-boja-e-vashata-aura-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. твиги Reply

    како се пресметуваат поените?

  2. Кафе пауза Reply

    Овде е објаснето:

    Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.

    • Dejan Reply

      Знам дека постов е стар, но ме интересира што се случува кога повеке групи ке добијат ист најголем збир. На пример јас добив дека E, З, Ѕ ми даваат збир 28, а втор најголем збир ми е 26 и тој го добив на групите под букви В и Д. Како да знам кои бои преобладуваат кај мене?

      • Кафе пауза Reply

        Како што стои во текстот: Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување. Во ваков случај значи дека повеќе бои се примарни.

  3. Angela Reply

    Jas nishto ne razbiraaam ve molaam objasnete mi kako se reshava nesfatliviov test ?! -.-

    • Кафе пауза Reply

      Секој исказ се бодува од 1 до 5 според тоа колку се согласуваш со кажаното. На крајот поените се собираат според групата во која прашањата (исказите) припаѓаат. Така се добива збирот за секоја конкретна боја. Онаму каде што ќе добиеш најголем збир, тоа е твојата примарна боја.

Остави коментар