Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

Празниците носат голема радост, но од друга страна, подготовките за некои луѓе може да бидат многу стресни. Подготвувањето јадења и колачи, барањето подароци кои одговараат и долгите редови во продавниците, може да го намалат расположението. Решете го овој тест и откријте дали знаете да уживате во празниците или поради нив сте нервозни и напнати.

Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

1. Кога купувате новогодишни и божиќни подароци?

а) Во текот на целата година.

б) Во почетокот на декември.

в) Секогаш во последен момент.

2. Подготвувањето на божиќниот ручек го сметате за…

а) Идеална прилика да се покажете како одлични домаќини.

б) Напорна обврска од која со задоволство би се откажале.

в) Вистински предизвик за некој како вас кој воопшто не е подготвен да поминува повеќе време во кујната.

3. Вашата најголема желба е…

а) Да ги направите среќни вашето семејство и пријателите.

б) Да бидете успешни на работа.

в) Следниот годишен одмор да го поминете на пуст остров и долго да се излежувате на сонце.

4. Додека сте на работа, за време на паузата…

а) Земате лист и пенкало и правите листа со намирници што треба да ги купите кога ќе си одите дома.

б) Ја проверувате листата на обврски за тој ден.

в) Мирно пиете кафе со колегите, иако имате грижа на совест што губите драгоцено време.

5. Кога сте под стрес, чувствувате…

а) Како да ви гори главата.

б) Како да имате нешто во грлото.

в) Ви се потат рацете.

Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

6. Дали уживате декорирајќи го вашиот дом или тоа со задоволство им го препуштате на другите членови во семејството?

а) Декорирањето на домот и украсувањето на елката не е ваша силна страна. Затоа се определувате само за разнобојни лампиони.

б) Секогаш сте полни со нови идеи и едвај чекате да дојде тој момент.

в) Им препуштате на децата да ја украсуваат елката, но врвот секогаш го поставувате вие.

7. Оваа година одлучивте…

а) Навремено да почнете со подготовките, за да немате непријатни изненадувања во последен момент, како минатата година.

б) Да бидете опуштени. Зошто да се брзате и да паничите, кога сѐ ќе биде во ред.

в) Да се придржувате до својот план и своите постапки.

8. Семејните вечери и средби за вас претставуваат…

а) Добра прилика да дознаете што се случува со другите членови во семејството.

б) Идеална прилика да се пофалите со своите нови работни успеси.

в) Прилика за опуштање и уживање.

9. Два дена пред празникот, вашата мајка, која досега секогаш сѐ сама организирала, ви соопштува дека не се чувствува добро и дека сега е ваш ред за да ја исполните семејната традиција. Како реагирате вие на оваа вест?

а) Мирно, затоа што немате избор, но сепак ги планирате и ги ангажирате да ви помогнат и останатите членови во семејството.

б) Паничите и мислите дека нема да успеете сѐ да постигнете навреме.

в) Обожавате вакви предизвици. Многу сте возбудени и веќе ги правите своите планови.

10. Сите подготовки се завршени и време е да се средите. Колку време ви треба за да блеснете во полн сјај?

а) 20 минути. Ви преостанува само толку време за да се истуширате и пресоблечете. Сепак, таму ќе бидете само со членовите на семејството.

б) 2 часа. Сѐ завршивте навреме и сега можете да се посветите на себе.

в) Цело попладне. Станавте рано наутро, сѐ подготвивте и сега имате време малку да се одморите и да се опуштите.

  • Најмногу одговори под „А“

    Ништо не оставате на случајноста

    Имате одлична смисла за организација и никогаш ништо не препуштате на случајноста. Иако многумина ве сметаат за ладна личност, вие сте премногу чувствителни и вешто ги сокривате своите чувства. Имате способност во критични ситуации да го скриете стресот, затоа што се плашите дека ќе ја изгубите контролата над себе. Бесни сте кога од почетокот ништо не ви оди од рака, но упорно продолжувате и понатаму, а ретко барате помош од другите. Не бидете толку строги кон себе. Прифатете помош од семејството, опуштете се и заедно уживајте. Сепак, празници се!

  • Најмногу одговори под „Б“

    Вие сте под голем стрес

    Вие никогаш не паничите однапред и за проблемите размислувате дури кога ќе наидете на нив. Многу сте темпераментни и вашиот праг на толеранција е многу низок. Кога сте пренатрупани со работа, што често се случува за време на празниците, вие сте под голем стрес, па и на најмалата ситница тогаш реагирате бурно и лесно експлодирате. Во такви ситуации воопшто не им е лесно на оние кои се наоѓаат во вашата околина. Ако не сакате себеси и на другите да им ги уништите празниците, планирајте навреме, дозволете им на останатите членови во семејството да ви помогнат и бидете потолерантни кон нивните грешки.

    • Најмногу одговори под „В“

      Вие сте премногу хаотични

      Ниту малку немате смисла за организација. Знаејќи го ова, вие секоја година, кога ќе поминат празниците, себеси си ветувате дека наредната година сѐ ќе испланирате подобро и навремено. Но, тоа ветување никогаш не го исполнувате. По природа сте хаотична личност и наместо да уживате во празниците, тие честопати ве прават нервозни. Тогаш ништо не ви поаѓа од рака, ве фаќа паника и станувате премногу чувствителни. Напнатоста расте во вас и наместо да биде сѐ совршено, малку од тоа успевате да постигнете. Крајно време е да почнете да бидете посериозни. Планирајте однапред, придржувајте се до вашиот план и уживајте во празниците.


      САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

             

      За авторот
      Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

      Поврзани содржини

      Остави коментар