Тест: Соберете ги бројките од самогласките во неговото име и дознајте каков љубовник е

Тест: Соберете ги бројките од самогласките во неговото име и дознајте каков љубовник е

Сè што треба да направите е да ги соберете бројките од самогласките во неговото име и брзо ќе откриете каков љубовник имате покрај себе. Најпрво одвојте ги самогласките, а потоа доделете им ги соодветните броеви и собирајте сè додека не дојдете од едноцифрен број. Откако ќе го добиете неговиот број, пронајдете го подолу и откријте нешто повеќе за неговиот карактер…

Проста математика: Соберете ги бројките од неговото име и дознајте каков љубовник е

Формула:

А – 1

Е – 5

И – 9

О – 6

У – 3

На пример, доколку неговото име е Никола, собирањето би изгледало вака: 9 + 6 + 1 = 16 = 1 + 6 = 7. Неговиот број е 7.

Број 1

Тој се снаоѓа многу добро во креветот, но само кога е расположен и кога навистина сака секс. За жал, тоа не се случува често. Токму затоа и користи најразлични оправдувања, како: „Уморен сум“, „Имав напорен ден на работа“ или „Не можам ништо сега да правам“ со цел да ви го одвлече вниманието. Вие околу него ќе мора навистина да се потрудите, доколку сакате да го натерате на секс. Кога тоа конечно ќе се случи, тој ќе биде исклучително нежен и страстен љубовник.

Број 2

За овој маж никогаш не би рекле дека е совршен љубовник, бидејќи тој не е ни приближно до него. Овој маж е досаден и е само бледа сенка на љубовник каков што секоја жена би сакала да има покрај себе. Тој сака да се фали со своите „постигнувања“ кои најчесто се само големи лаги. Но, доколку повеќе се посвети, би можел да сознае што е вистинска страст и желба, па токму затоа помогнете му подобро да се запознае самиот себеси.

Број 3

Овој маж обожава секс, особено оној кој е жесток, но секогаш обрнува внимание и на потребите на својата партнерка. Тој ќе се погрижи да направи романтична атмосфера и ќе ѝ посвети доволно време на девојката со која е. Сепак, неговото однесување не делува воопшто спонтано. По неколку недели поминати со него, вие ќе почнете да добивате впечаток дека тој имал веќе сè однапред испланирано, па токму затоа и ќе ви здодее. Доколку сакате да ги зачините нештата меѓу вас, изненадете го со цел да ја разбиете монотонијата.

Број 4

Со овој маж можете да доживеете прекрасен секс. Но, само доколку имате исти интереси и желби. Тој никогаш не се откажува од своите потреби, па затоа и понекогаш може да глуми дека нешто му се допаѓа, дури и ако не е така. Тоа сепак не значи дека сака необични работи во креветот, туку дека можеби повеќе му одговара масажата или одреден пози. Ако вам тоа не ви се допаѓа, тогаш немате иднина покрај него.

Број 5

Станува збор за исклучително шармантен маж. Тој веќе ги знае сите ваши тајни и умее да ве доведе до лудило со само еден допир. Понекогаш доволно е само да ве погледне со цел да ве усреќи. Сепак, не го прашувајте каде ги научил сите овие финти бидејќи неговиот одговор би можел да ве повреди.

Број 6

Зад овој број се крие следната порака: Тој обожава секс, но во себе носи и нешто „животинско“. Бројот 6 е ѓаволски број. Кога тој ќе се опушти, вие веќе никогаш нема да можете да го скротите. Можеби токму тоа и ви се допаѓа? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа и да почувствувате интензивни емоции и страст, тогаш немојте да се оддалечувате од овој маж.

Број 7

Ниту еден маж нема да ви покаже повеќе емпатија од овој. Тој умее да го сослуша својот соговорник, но исто така е и многу внимателен и нежен љубовник. Тој сака да слуша нежна и романтична музика и да ужива со сите сетила. Дали станува збор за вистински маж? Да. Доколку тоа ви се допаѓа, препуштете му се и заборавете ги сите околу вас.

Број 8

Осум е бесконечен број, па токму затоа и големи се шансите да сте уловиле маж кој не знае кога е доста. Тој секогаш сака повеќе секс и преферира да биде интензивен. Токму затоа и ќе биде среќен доколку и вие сте како него. Во спротивно ќе мора да се обидете да го скротите и да ги задоволите неговите сетила на друг начин. Зошто да не? Тоа само дополнително ќе ја разбуди неговата страст. Сонот на многу жени е да бидат со ваков маж.

Број 9

Бројот 9 симболизира разузданост и дивина. Кога овој маж ќе ја демонстрира својата страст, вие ќе имате чувство дека сте преминале во сосема друг свет. Нему сексот му е во крв, а познат е по уметноста на заведување. Единствен проблем е што ништо друго освен секс не му паѓа напамет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар