Тест: Што би сакале да промените?

Дали поседувате иновативен или истражувачки дух? Што би сакале да промените кај себе, на глобално ниво или во светот околу вас? Решете го овој тест, без долго размислување за прашањата и по редоследот кои се дадени, а потоа најдете ги вашите одговори во решението и откријте нешто повеќе за себе на оваа тема…

Тест: Што би сакале да промените?

1. Кој од овие совети најмногу би сакале да им го дадете на другите?

а) Денес луѓето треба да бидат посолидарни

б) Личниот пример е најважен

в) За да можете правилно да ги разберете другите, мора прво да се разберете самите

2. Кога би можеле да одбирате, што е она што би сакале да го работите?

а) На место кое подразбира контакт со голем број луѓе

б) Скратено работно време, со цел да можете повеќе да се посветите на добротворни цели

в) Раководител или директор на мултинационална компанија

3. Колку пати сте се селеле во последниве 10-тина година?

а) Ниту еднаш

б) Два до четири пати

в) Повеќе од 4 пати

4. Се наоѓате на празен паркинг, но имате чувство како некој да ве следи. Што ќе направите?

а) Ќе глумите рамнодушност

б) Ќе извадите од вашата чанта или џеб солзавец или друга алатка за одбрана

в) Ќе се молите на Бога сè да помине добро

5. Кои од овие сликари најмногу ви се допаѓа?

а) Гоген, затоа што напуштил сè за да може да оди на Тахити

б) Тулуз-Лотрек, затоа што го надминал својот физички хендикеп

в) Ван Гог, затоа што целиот свој живот му го подредил на сликарството‏

6. Зошто идете во кино?

а) За да се забавувате и опуштите

б) За да се расположите и насмеете

в) За подобро да го разберете вашето друштво

7. Што мислите за вашите колеги од работа?

а) Сите се прилично симпатични

б) Повеќето се малограѓани

в) Како и секаде, некои се добри, а некои лоши

8. Кога вашата мајка ви дава совети, вие обично ѝ велите:

а) Доста

б) Среќа што те имам тебе

в) Ти не ме разбираш

9. Дали некогаш сте се консултирале со видовита личност?

а) Ниту еднаш

б) Помалку од 5 пати

в) Често

10. Интуицијата…

а) Вас ретко ве измамува

б) Често ви фали

в) Ве плаши

11. Луѓето кои добро ве познаваат, најчесто мислат дека сте:

а) Енергични и дрски

б) Несовесни и одлучни

в) Неодлучни и попустливи

12. Кога би ја скршиле својата нога, како би реагирале?

а) Тоа е добра лекција која ќе ме натера во иднина да бидам повнимателен/повнимателна

б) Ова е крајот на светот, катастрофа

в) Нема што друго, ќе морам да молчам и трпам

13. Заљубени сте во две личности истовремено, но мора да се одлучите. Вие:

а) Внимателно ќе ги пратите астролошките прогнози

б) Ќе почекате да видите кој/а од нив двајца/две прв/а ќе попушти

в) Ќе отпатувате некаде каде што мирно ќе можете да размислите за сè

14. Одите на одмор, но на патот има огромен застој поради работа

а) Луто се насочувате во спротивна насока и се враќате дома

б) Тоа е идеална шанса да посетите некој симпатичен мотел покрај патот

в) Се нервирате, требаше подобро да се информирате пред да тргнете на пат

15. Вие сакате:

а) Непланирани патувања и излети

б) Патувања во далечни и егзотични краеви

в) Пакет аранжмани

16. За да може вашиот живот во двојка да успее, вие мора да:

а) Го претворите својот дом во тврдина која не може да биде освоена

б) Да останете отворени за дружење со други

в) Да го прифатите фактот дека сите сме различни

 

  • Бодување:

    Покрај секој одговор кој сте го одбрале, постои одреден симбол. Соберете ги сите симболи кои сте ги освоиле на тестот и видете кој од нив е во најголем број. Откако ќе го најдете вашиот симбол, преминете на одговорите…

    1. а) * ; б) + ; в) O

    2. a) + ; б) O ; в) *

    3. a) O ; б) + ; в) *

    4.  a) + ; б) * ; в) O

    5. a) * ; б) + ; в) O

    6. a) * ; б) + ; в) O

    7. a) * ; б) O ; в) +

    8. a) * ; б) + ; в) O

    9. a) * ; б) + ; в) O

    10. a) * ; б) O ; в) +

    11. a) O ; б) * ; в) +

    12. a) + ; б) * ; в) O

    13. a) + ; б) O ; в) *

    14. a) O ; б) * ; в) +

    15. a) O ; б) * ; в) +

    16. a) O ; б) * ; в) +

  • Одговори:

    Најголем број од симболот *

    Вие сакате да го промените светот и да усреќите што е можно повеќе луѓе

    Вие ги прифаќате скоро сите видови промени кои можат да ви донесат било каков позитивен придонес на овој свет. Вие сочувствувате со другите и никогаш не ги ставате вашите лични планови и потреби на прво место. Згора на сè, целата енергија ја вложувате во добротворни цели. Според вашето размислување, секој жител на оваа планета е должен да направи сè што е во негова моќ за да ги спаси сите оние кои не можат да се грижат за себе. Вашите лични проблеми се занемарливи во споредба со проблемите на оние луѓе кои умираат од глад, болести или војни, па затоа целото ваше слободно време го посветувате на другите или пак, на добротворните цели. Резултатите не секогаш се според вашите очекувања, но вие можете да се утешите со надежта и вложениот труд, па токму затоа никогаш не се откажувате од позитивните промени.

    Најголем број од симболот +

    Вие сакате да се менувате себеси со цел да живеете подобро и похармонично со другите

    Сметате дека најважно е прво една личност да се среди самата себеси и да „исчисти пред својата врата“, а потоа да се обидува да им помогне на другите. Според вас ова е сигурен знак за добро ментално здравје. Вие сакате да откриете сè што се случува во вас, па токму затоа кога внатрешните сигнали ќе ви станат премногу комплицирани за да ги дешифрирате сами, се обраќате за помош кон експертите, докторите, видовитите или пријателите. Вие постојано се обидувате да се усовршите со цел да комуницирате полесно и подобро со другите, да можете повеќе да сакате и полесно да им помогнете на оние околу вас. Вие живеете во уверување дека клучот на среќата и хармонијата се наоѓа во секој од нас, па токму затоа и таму треба да го бараме доколку сакаме да му дадеме смисла на нашиот живот.

    Најголем број од симболот О

    Вие сакате да ги менувате другите или светот околу себе, за вашиот живот да биде подобар

    Ако нештата не се одвиваат онака како што вие панирате или посакувате, ги обвинувате различните околности, друштвото, одредени услови, другите или сè почесто присутната попустливост и неспособност. Секако, како потенцијален пример на различни компликации се и вашите родители, брачен партнер, децата, колегите, соседите… Исклучително упорни во оваа ваша особина максимално да се обидувате да ги вратите на вистинскиот пат, кој вие одамна сте го откриле. Решението го барате преку различни облици на докажување на правата, разните процеси, спорови и слично. Зарем не забележувате дека „превоспитувањето“ на другите претставува навистина скапа забава? Но, ако тоа навистина ви помага да бидете среќни, тогаш можеби на крајот и ќе ви се исплати.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар