Тест: Потребен ви е љубовен партнер или куче?

Тест: Потребен ви е љубовен партнер или куче?

Дали имате потреба од момче или пак, можеби, кучето би било подобар избор за вас? Решете го овој тест и дознајте дали во овој момент од вашиот живот ви треба некоја блиска личност или домашно милениче…

test-potreben-vi-e-ljuboven-partner-ili-kuche

1. Кои квалитети ги барате од идниот партнер?

А) Разигран, лојален и заштитнички настроен

Б) Интелектуален, забавен и внимателен

В) Хм, со сите овие особини?

2. Колку имате потреба од внимание?

А) Сакам постојано да добивам внимание

Б) Сакам внимание, но исто така уживам и во времето со себе

В) СЕКОГАШ сакам да сум во центар на вниманието

3. Што за вас претставува совршен љубовен состанок?

А) Гушкање покрај камин и гледање филм што ЈАС сум го избрала

Б) Излегување на вечера, па на пијалак, па на танц

В) Некаква надворешна активност, што завршува со гледање зајдисонце

4. Како би го опишале својот „тип“ партнер?

А) Атлетски граден со неверојатна коса

Б) Некој што има прекрасни очи и се мириса прекрасно

В) Кој било со заразна насмевка

4. Каков вид обврзување сте подготвени да направите?

А) Не барам минлива врска – сакам нешто реално

Б) Нешто опуштено… ако било судено, ќе прерасне во нешто посериозно

В) Доживотно патување

6. Каде најчесто ги минувате саботните попладниња?

А) Прошетка во пар, уживајќи во сончевата топлина

Б) Во спална, дефинитивно

В) Дома, со појадок

7. Сакате да патувате?

А) Не баш, задоволна сум тука каде што сум

Б) ДА! Сакам да одам секаде и да искусам сè

В) Можеби малку, но исто така сакам и да пуштам корења

8. Кога се карате со партнерот, како завршува караницата?

А) Обично тој прв се откажува и ми се извинува

Б) Се обидуваме да разговараме за проблемот и да најдеме компромис

В) Не е важно, ЈАС сум секогаш во право

9. Дали големината е важна?

А) Големината не е важна сè додека го сакам

Б) Хм… да?

В) Зависи за што зборуваме

10. Што звучи најлошо?

А) Да морате да ја спуштате тоалетната школка секојдневно пред да мокрите

Б) Секојдневно да собирате кучешки измет

В) Да немате ниту еден од овие проблеми, но да бидете осамени

Резултати:

  • Најмногу одговори под А:

    Потребно ви е куче!

    Вам ви е потребен некој што секогаш ќе биде расположен за гушкање, дури и ако нема веќе чувство во рацете или не сте се истуширале со денови! Вие секогаш можете да сметате на кучешката безусловна љубов, како и на животот без драма – нешто што момчињата не можат да го гарантираат. Вие едноставно заслужувате некој што ќе скока со целата сила кога ќе влезете во домот и ќе ви се радува на секое видување.

  • Најмногу одговори под Б:

    Потребен ви е љубовник!

    Можеби сте голем љубител на животни, но ништо не може да се спореди со идејата да имате личност со која ќе можете да се поврзете и секојдневно да разговарате. Кучињата се одлични слушатели, но во реалноста не можат да ви одговорат како Скуби Ду. Потребен ви е некој со кој ќе можете да гледате филмови, но и да разговарате за животот. Оваа живот треба да биде способна да ви ги препознава потребите и да се труди да ви ги задоволи (исто како и вие неговите).

  • Најмногу одговори под В:

    Потребни ви се двете!

    Вие имате голема потреба од внимание, а тоа најдобро ќе можете да го добиете ако истовремено имате и партнер и куче! Потребна ви е константата љубов од куче, но и длабоката човечка поврзаност од љубовник. Можеби треба да побарате некој што веќе чува куче, на пример, златен ретривер… или пак, заедно посвојте куче…

Имавте најмногу одговори под В? Прочитајте ги и овие 10 причини зошто треба да го одберете мажот кој чува куче!

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар