Тест на личноста: Зошто ви е страв да покажете слабост во љубовта?

Вљубувањето е прекрасно, но секогаш доаѓа со одлики и слабости кои и мажите и жените се плашат да ги покажат. Со цел навистина да се вљубите и да бидете љубени, мора да се направите ранливи. Ранливоста значи да ја покажете вашата најголема слабост, па не е ни чудно што тоа е толку страшно. За да го дознаете скриениот страв кој ве спречува да покажете слабост во љубовта, погледнете ја сликата и обрнете внимание на она што ќе го забележите прво.

Тест на личноста: Зошто ви е страв да покажете слабост во љубовта?

1. Уметник

Вие се грижите дека вашата слабост ќе биде искористена против вас. Знаете дека основата на врските се љубовта и компромисот, и баш и не се плашите од тоа. Подготвени сте за компромис со некој нежен и добар, но страв ви е дека вашата љубов ќе биде оружје искористено против вас. Обидете се да ги тргнете ѕидовите. Не можете да се зближите со некого ако не ризикувате.

2. Жена која седи во позадина

Вам ви е страв да покажете слабост бидејќи сметате дека ќе ве одбијат кога изгледот ќе почне да ви се влошува. Иако знаете дека сте личност која заслужува љубов, сепак премногу се потпирате на физичкиот изглед. Што ако личноста што ја сакате ве остави кога ќе ви се промени изгледот? Ако личноста го направи тоа, тогаш ви направила услуга. Заслужувате некого што ве сака без разлика на сè.

3. Јаболко

Не покажувате слабост бидејќи ви е страв дека таа ќе го потроши целото ваше време, и ментално и социјално. Отсекогаш сте биле личност која сака да поминува време сама, па сметате дека ако партнерот знае колку го сакате ќе почне да ви одзема од времето за вас. Во врските е важна рамнотежата, па ако ви е потребно време за себе слободно кажете го тоа. Партнерот кој ве сака ќе ве разбере.

4. Лице со затворени очи

Вам ви е страв дека партнерот ќе ви го скрши срцето засекогаш. Ја сакате помислата за вљубување, а кога се вљубувате малку сте отсутни. Често ви е страв да не останете со скршено срце. Сепак, тоа е ризик кој сите мораме да го преземеме ако сакаме да ја пронајдеме љубовта која ќе трае. Скршеното срце е лошо искуство, но уште полошо е да не си дозволите да ја пронајдете вистинската љубов.

Откријте и во кој дел од заљубувањето уживате најмногу.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар