Тест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе

Тест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе

Секој наш избор открива нешто за нас, па дури и кога станува збор за навидум безначајни работи. Од моментот кога ги отворате очите наутро, вие го градите светот во којшто ќе живеете и во него создавате дел за себе. Дури и нешто банално, како што е изборот на чорапи може да ви открие многу нешта за вас. Па затоа, одберете го чорапот што со задоволство би го носеле и дознајте што открива тоа за вас…

Тест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе

1. Едноставни, еднобојни чорапи

Иако одбравте обични, едноставни чорапи, тоа не значи дека вие сте обични. Вие сте сѐ освен тоа. Вие дефинитивно знаете како да си ја завршите својата работа. Вие сте родени лидери и ги инспирирате другите луѓе кои ве земаат за пример. Многу сте сериозни и одговорни, поради што можете многу брзо да напредувате. Бидете внимателни и не дозволувајте сериозниот свет да владее со вашиот живот. Сега е идеално време да внесете малку забава во животот. Не плашете се да се опуштите, бидејќи тоа нема да ве спречи да станете ѕвезди.

2. Чорапи со линии

Доколку ве привлекува уредната природа на линиите, тоа е знак дека сакате сигурни и стабилни работи. Вие сте многу лојални и вашите пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на вас. Вие сте одлични слушатели. Најверојатно, луѓето често ви се обраќаат за совет и ви се доверуваат. Сигурно ги знаете сите тајни на вашите пријатели кои имате намера да ги сочувате. Луѓето сакаат да ви бидат пријатели поради вашата доверлива природа, но треба да возвратите со иста мера. Суштината на добрата комуникација лежи во споделувањето информации. Отворете се малку повеќе од вообичаено.

3. Чорапи со туфни

Љубителите на туфни сакаат забава, но на кроток начин. Вие сте посрамежливи и повоздржани од вашите пријатели и колеги. Наместо да го привлекувате туѓото внимание, вие мирно седите и набљудувате. Сепак, вашата срамежлива природа не ве прави здодевни. Едноставно не чувствувате потреба да врескате од покрив на зграда како некои луѓе кои ги познавате. Излезете од вашата лушпа. Доколку не сакате да кажувате смешни приказни и шеги на забавите, време е да почнете. Сигурно имате што да кажете, токму затоа што отсекогаш сте биле внимателни набљудувачи и слушатели. Можете сите да ги изненадите со вашата интелигенција и хумор кои ги криете во себе.

4. Чорапи со ромбови

Доколку ги одбравте чорапите со ромбови, вие сте големи авантуристи. Навистина уживате во возбудата од преземањето ризици. Вие сте секогаш првите кои предлагаат да се проба нова храна или да се истражи некој нов дел од светот. Попрво би скокале со падобран отколку да одите на кафе со пријателите. Сакате да живеете на работ и тоа многу им се допаѓа на вашите пријатели. Иако некои се обидуваат да ве скротат, останете верни на себе. Потребна е многу храброст за човек да се соочи со светот со авантуристички дух како вашиот. Кога е во прашање работата, обидете се да ги „зачините“ вашите проекти со мала доза ризик. Можеби сега е вистинското време да ја напишете книгата што отсекогаш сте сакале да ја напишете или да го започнете бизнисот за кој сонувате.

5. Чорапи со криви линии

Можеби сте малку поразлични од вашите пријатели, но кому му е грижа?! Вие сте необични, креативни и слободоумни. Вашите пријатели можеби понекогаш ве критикуваат поради тоа што сте неуредни и неорганизирани, но тоа е така само затоа што не го разбираат вашиот брз ум. Живеете според вашето темпо и затоа најчесто ги одбегнувате другите луѓе. На светот му требаат повеќе луѓе како вас и нема потреба да се извинувате поради вашата уникатност. Кога ќе се запознаете со нови луѓе, веднаш ги освојувате со вашата чудесна креативност и шарм.

6. Чорапи со срца

Доколку ги одбравте чорапите со срца, вие сте многу романтични. Забавни сте и разиграни. Имате голема доверба во љубовта, без разлика дали се работи за пријателите или партнерот. Вие сте лојални пријатели и постојано трагате по љубов која ќе ве стопли однатре. Вашиот идеален љубовен состанок вклучува гушкање на каучот додека гледате романтична комедија. Сепак, треба да бидете малку внимателни за да се разочарате од луѓето кои не се толку романтични. Вашата отвореност е вашиот најсилен атрибут и луѓето околу вас ве сакаат поради тоа што имате големо срце. Продолжете така и понатаму и сигурно ќе постигнете голем успех.

7. Чорапи со цветови

Вие сте најголемите оптимисти. Вашето добро расположение и позитивен поглед кон светот постојано ве прават среќни и задоволни. Вашата чаша е секогаш половина полна, а вашата позитивна енергија е заразна. Вие сте им инспирација на вашите соработници кои постојано се жалат. Сите знаеме дека никој не е среќен цело време. Наместо да ја ширите позитивната енергија, а да ја потиснувате негативната, најдете пријатели со кои ќе можете да разговарате за вашите проблеми. Не плашете се да го отворите срцето, вашата искреност нема да го загрози вашиот топол карактер. Всушност, тоа ќе ви помогне да бидете уште посреќни во животот.

8. Шарени чорапи

Не грижете се, ве слушаме! Вие сте гласни и не се плашите да го подигнете гласот. Вие сте родени забавувачи, а ако не сте на сцена, целиот свет ќе го претворите во ваша сцена. На сите забави луѓето се собираат околу вас за да ги слушнат вашите смешни приказни. Вие го впивате вниманието на најдобриот можен начин. Поради вашата театрална природа, луѓето ве сметаат за забавни и сакаат да се дружат со вас. Сепак, не се обидувајте да бидете толку гласни. Најдете време за интеракција еден на еден со вашите пријатели и погрижете се да зборувате онолку колку што слушате. Бидете великодушни со пријателите и вашите односи ќе се зацврстат.

Расположени сте за уште еден забавен тест на личноста? Одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе…

Тест на личноста: Одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар