Тест: Колку сте самоуверени?

Степенот на самодоверба има силно влијание на среќата на луѓето, а немањето доволно самодоверба може да биде голем животен хендикеп. На некои луѓе им недостасува самодоверба и тоа ги кочи во животот, но соочувањето со сопствените стравови може да им биде од голема помош. Тестот ќе ви помогне да откриете на кое ниво е вашата самодоверба и кои карактерни особини треба да ги коригирате за да ја избегнете ароганцијата.

Тест: Колку сте самоуверени

1. Која од следните земји би сакале да ја посетите?

а) Шпанија

б) Перу

в) Алжир

2. Што се случува кога сте лути?

а) Ништо особено, ја кријам лутината во себе.

б) Си давам време да се смирам.

в) Сите го забележуваат тоа и во состојба сум да викам по секого.

3. Дали барате помош во продавница без да ви биде незгодно?

а) Да, ако продавачот ми пријде, во спротивно не сакам да му пречам.

б) Се разбира дека ќе побарам помош ако ми е потребна.

в) Штом ќе влезам во продавница веднаш барам помош.

4. Што правите кога некој ви се допаѓа?

а) Се надевам ќе забележи дека сум заинтересирана.

б) Во текот на разговорот ќе му предложам состанок.

в) Ќе го доведам во кревет, бидејќи сум неодолива.

5. Како се справувате со конфликтни ситуации?

а) Мразам конфликти и се трудам да ги избегнувам.

б) Се обидувам да бидам јасна, но се трудам да ги разберам и другите.

в) Напаѓам уште пожестоко отколку другите.

6. Колку често јадете во ресторан?

а) Не сакам да јадам во ресторан, освен во посебни прилики.

б) Прилично често, онолку колку што ми дозволуваат финансиите.

в) Секоја вечер, бидејќи готвењето е губење време.

7. Дали сакате екстремни спортови?

а) Не, бидејќи нема зошто себеси да се доведувам во опасност.

б) Некои од нив изгледаат интересно и можно е да испробам некој.

в) Колку поекстремно толку подобро, бидејќи сакам возбуда.

8. Се чувствувате ли сигурно?

а) Не особено, бидејќи светот стана прилично несигурно место.

б) Се чувствувам прилично сигурно.

в) Се чувствувам сосема сигурно. Никој ништо не ми може.

9. Вашиот пријател доведува непозната личност на кафе.

а) Се чувствувам неудобно кога сум во друштво на непознати луѓе.

б) Мојот пријател е супер, па е супер и неговиот пријател.

в) Ми пречи, биејќи тоа требаше да биде само наше кафе.

10. Дали сами би излегле во некој клуб, ресторан или кино?

а) Не. Ќе излезам само ако имам друштво.

б) Се разбира, ако сакам да излезам, тогаш тоа и ќе го направам.

в) Ако излезам секогаш може некој да ми се придружи.

11. Дали сте привлечни?

а) За жал, не сум привлечен/а.

б) Мислам дека сум привлечен/а и покрај тоа што вкусовите се различни.

в) Всушност сум прекрасен/а.

12. Знаете ли што сакате?

а) Повеќе сум фокусирана на туѓите желби.

б) Да, знам кој сум и го прифаќам тоа.

в) Го заслужувам и го барам само најдоброто.

13. Дали уживате во големи забави?

а) Не. Повеќе сакам интимно дружење со пријателите.

б) Да, бидејќи тоа е добра прилика да се запознаат нови луѓе.

в) Се разбира. Колку е поголема забавата, толку ќе биде поголема мојата „публика“.

14. Дали имате среќа?

а) Обично немам среќа.

б) Да, имам прилично среќа.

в) Среќата е за губитници. Својата среќа ја создавам сам/а.

15. Која е вашата животна насока?

а) Немам насока. Живеам ден за ден.

б) Имам идеја каде одам, иако е менлива.

в) Одам директно кон врвот и останувам таму.

16. Што правите кога некој се обидува да ве заведе?

а) Никој не се обидува да ме заведе.

б) Тоа е секако ласкаво. Ако ми се допаѓа ќе прифатам.

в) А што би правела кога не би се обидувале да ме заведат?

17. Што е најблиску до вашиот идеален одмор?

а) Една недела мир и тишина во село.

б) Патување во странство, убаво време и култура.

в) Луксузно одморалиште со многу послуга.

18. Некој пријател неочекувано ве моли да му помогнете.

а) Ќе ми биде задоволство да му помогнам.

б) Ќе му помогнам ако можам.

в) Вистинските пријатели немаат такви неочекувани барања.

19. Дали се шетате низ својата населба?

а) Не, не се чувствувам доволно сигурно.

б) Се разбира, убаво е да го истражуваш своето соседство.

в) Не, за таа цел служат автомобилите.

20. Дали би сакале да доживеете „surprise party“?

а) Дефинитивно не.

б) Зошто да не, би било интересно.

в) Не би им успеало да го направат тоа без мое знаење.

Тест: Колку сте самоуверени

Одговори под „а“ 0 бодови

Одговори под „б“1 бод

Одговори под „в“2 бода

5 или помалку бодови:

Вие за жал немате самодоверба и тоа ви го уништува животот. Неопходно е да направите пресврт и да се соочите со своите стравови, а тоа значи да се обидете да  направите некои храбри потези кои вообичаено не би ги направиле. Секогаш кога ќе се охрабрите да го направите тоа , ќе забележите дека вашиот страв станува се помал.

Од 6 до 12 бода:

Вашето ниско ниво на самодоверба ве попречува во важните животни настојувања. За вас е поедноставно да им дозволите на другите да биде по нивно, а вие да се залажувате дека тоа е така затоа што сте добра личност која не сака конфликти. Но, колку повеќе ги игнорирате своите потреби, ќе станувате покревки, почувствителни и огорчени.

Од 13 до 28 бода:

Луѓето кои го достигнале овој број на бодови имаат здрав и добро избалансиран однос со самите себе и со својот живот. Доволно сте самоуверени за да знаете да се изборите за сопствените потреби, но сепак имате разбирање и за другите. Јасниот став со кој зрачите е одраз на вашата сигурност, а не на вообразеност и тоа многу ви помага во животот.

Од 29 до 35 бодови:

Вие не сте само самоуверени, туку и самобендисани. Вам веројатно тоа ви се чини одлично и ви помага во животот, но луѓето би можеле да ве изолираат поради таквиот став. Повеќето луѓе не сакаат личности кои се премногу сигурни во себе, па поради тоа би можеле да имате проблеми со воспоставување пријателства. Би требало малку да се „приземјите“.

Од 36 до 40 бодови:

Вие навистина сте дошле до врвот, но на ароганција. Многу малку луѓе можат и сакат да се справат со толку арогантни личности, а уште помалку луѓе го сметаат таквиот став за привлечен. Вам тоа веројатно не ви е важно, бидејќи и онака тие „губитници“ не ви се потребни. Меѓутоа таквото однесување честопати е замена за некоја голема болка која ја криете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. lence Reply

    se e relativna rabota………………nikoj nee idealen……….

Остави коментар