Тест: Дали сте зависни од вашиот мобилен?

Зависноста од паметните телефони не е шега, но не постојат научни докази дека постои. Најновото истражување од Универзитетот во Ајова ги идентификувало централните аспекти на номофобијата или стравот од одвоеност од мобилниот телефон, со помош на овие 13 прашања. Решете го тестот и дознајте дали вие сте зависни од овој уред.

Closeup of female hand using a smart phone. Shallow depth of field

Секое тврдење оценувајте го со оценка од 1 до 7 каде што 1 е сосема не се согласувам, а 7 е сосема се согласувам, и на крајот соберете ги сите поени и проверете го резултатот.

1. Се чувствувам непријатно ако немам константен пристап до информации преку смартфонот.

2. Ме нервира кога не можам да пребарам информација на својот мобилен телефон кога и да посакам.

3. Ако немам пристап до вести на мојот телефон постанувам нервозен/на.

4. Ме нервира кога не можам да ги користам сите можности на мојот паметен телефон.

5. Ме плаши фактот дека батеријата на мојот паметен телефон може да се испразни.

6. Ме фаќа паника кога ќе го потрошам мојот месечен интернет пакет.

7. Кога немам сигнал или можност да се поврзам на wi-fi, постојано проверувам за да следам кога сигналот ќе се врати.

8. Кога не можам постојано да го проверувам мојот смартфон, непрестајно чувствувам потреба да го проверувам.

9. Кога го немам мојот паметен телефон при себе се чувствувам вознемирено бидејќи не можам да комуницирам со моето семејство и пријателите.

10. Кога го немам смартфонот со себе загрижен/а сум дека моите пријатели и семејството нема да можат да ме исконтактираат.

11. Кога го немам мобилниот со себе се нервирам бидејќи не можам да примам повици и пораки.

12. Кога смартфонот не со мене нервозен/на сум бидејќи не знам дали некој се обидува да исконтактира со мене.

13. Кога мојот телефон не е со мене се нервирам што не можам да си ги проверувам мејловите.

2-test-dali-ste-zavisni-od-vashiot-mobilen-kafepauza.mk

  • Резултати:

    Помалку од 14 поени

    Не сте ни малку номофобични. Немате проблем да бидете одвоени од својот паметен телефон.

    14-42 поени

    Малку сте номофобични и постанувате по малку нервозни кога ќе го заборавите мобилниот дома или кога сте некаде каде што нема wi-fi сигнал.

    42-63 поени

    Умерено сте номофобични. Прилично сте приврзани за својот телефон. Често го проверувате додека одите на улица и додека зборувате со пријателите и нервозни сте кога не сте онлајн.

    63-91 поени

    Патите од сериозен случај на номофобија. Не можете да издржите ни 60 секунди, а да не го проверите својот смаартфон. Тоа е првото нешто што го правите наутро и последно пред да си легнете навечер.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар