Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

Незадоволството кое го чувствуваме најчесто не потекнува од нашите животни околности, туку од начинот на кој ние реагираме на нив. Затоа одберете ги одговорите кои најдобро ве опишуваат, потоа соберете ги и дознајте што вие правите за да бидете (не)среќни.

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

1. Во главно, вие сметате дека вашиот живот е:

а) мешавина од добро и лошо

б) возбудлива авантура

в) непрекината борба

2. Колку сте задоволни од вашите пријателства?

а) Многу. Благодарен/а сум што познавам такви луѓе.

б) Делумно. Добро се забавувам со нив, но честопати копнеам да имаме поблизок однос.

в) Прилично сум разочаран/а. Ми изгледа како пријателите воопшто да не ме разбираат.

3. Кога последен пат сте го јаделе вашиот омилен оброк?

а) Толку е одамна, што не се сеќавам кога беше.

б) Пред месец дена.

в) Неодамна.

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

4. Доколку некој колега ве фотографира додека седите на вашето работно место, вие најверојатно би изгледале:

а) како да сте под благ стрес

б) потполно исцрпено

в) зафатени со работата, но полни со елан и живот

5. Како би се чувствувале доколку некој побара од вас да ги запишете на лист сите ваши достигнувања во животот?

а) Изненадено. Би ми ласкало доколку некој пројави интерес за тоа.

б) Задоволно. Горд/а сум на своите достигнувања.

в) Несигурно. Немам толку многу успеси кои би ги запишал/а.

6. Вашата мантра отприлика би гласела вака:

а) „Уморен/а сум и потребен ми е сон“.

б) „Потребен ми е само уште еден ден во седмицата за да постигнам сè што сакам.“

в) „Спремен/а сум на сè!“

7. Како се чувствувате кога се запознавате со нова група луѓе?

а) Опуштено. Сакам да стекнувам нови познанства.

б) Нервозно. Се грижам дали ќе им оставам добар впечаток.

в) Срамежливо. Потребни ми се неколку минути за да се снајдам во таква ситуација.

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

8. Кога се соочувате со некаква препрека, вие:

а) сигурни сте дека нема да успеете да ја постигнете вашата цел

б) не сте сигурни дали ќе успеете да ја постигнете вашата цел

в) сигурни сте дека ќе успеете да ја постигнете вашата цел

9. Колку сте задоволни со вашиот изглед?

а) Ми се допаѓа како изглеам.

б) Сметам дека изгледам ОК.

в) Не ми се допаѓа како изгледам.

10. Како сметате дека другите луѓе ве доживуваат во нивните очи, додека вие ги правите вашите омилени активности?

а) Мислам дека изгледам задоволно, ама не успевам да го покажам тоа секогаш.

б) На почеток сум полн/а со ентузијазам, а потоа сум фокусиран/а.

в) Немам време за да ги извршувам моите омилени активности.

11. Каква е вашата моментална животна ситуација?

а) Имам постигнато некои мои цели, но сè уште имам уште многу да работам.

б) Не сум ни блиску до она што планирав да го остварам до мојата моментална возраст.

в) Имам многу постигнато во животот и задоволен/а сум со себеси.

12. За вас, смеењето е:

а) нешто во кое секогаш уживате

б) нешто кое би сакале поредовно да го правите

в) нешто кое вам навистина ви недостасува

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

13. Кога треба нешто важно да одлучите, вие:

а) се измачувате обидувајќи се да донесете вистинска одлука

б) ги „мерите“ предностите и слабостите на опциите кои ви стојат на располагање, па потоа носите одлука

в) го слушате она што ви го вели вашиот инстинкт и повеќе не се враќате назад на истата работа

14. Кога се чувствувате лошо, првата мисла која ви паѓа на памет е:

а) „Животот не е едноставен, али и ова ќе пројде како и сè друго.“

б) „Зошто баш мене ова мораше да ми се случи?“

в) „Сè ќе се заврши добро.“

  • Соберете ги вашите бодови:

    1. a-2 б-3 в-1                  8. a-1 б-2 в-3
    2. a-3 б-2 в-1                  9. a-3 б-2 в-1
    3. a-1 б-2 в-3                  10. a-2 б-3 в-1
    4. a-2 б-1 в-3                  11. a-2 б-1 в-3
    5. a-2 б-3 в-1                  12. a-3 б-2 в-1
    6. a-1 б-2 в-3                  13. a-1 б-2 в-3
    7. a-3 б-1 в-2                  14. a-2 б-1 в-3

  • Резултати

    Од 14 до 22 бода: На дното сте, но сè уште не сте прегазени

    Радоста вам не ве напуштила засекогаш. Тоа што премногу строго се осудувате себеси и песимистички гледате на животот, ви ги намалува шансите да бидете среќни. Можеби за тоа не се криви работите кои ви се случуваат во животот, туку начинот на кој вие ги доживувате. Дури и доколку сметате дека вашиот живот ви тргна во погрешен правец, сè уште само вие ја имате моќта да ги промените работите. Што ви е потребно за да бидете среќни? Фокусирајте се на позитивните работи кои ви се случуваат (секогаш има и такви) и размислете како можете да ги вклопите вашите потреби, во секојдневниот живот.

    Од 23 до 32 бода: Вие сте на вистинскиот пат кон среќата

    Долго не сте размислувале за среќата, па затоа и не се чувствувате баш најдобро. Кога би биле среќни, би требало во секој момент да знаете кои работи ве прават среќни и ќе се трудевте да ги правите што е можно почесто. Се препуштивте на рутински начин на живот и не размислувате нешто многу на вашите пријатели или на вашата работа. Треба повеќе да се фокусирате на она што навистина го сакате и да почнете повеќе да се забавувате. Можеби ги оценувате вашите постапки и го планирате вашиот живот, врз база на мислењето на другите луѓе. Ако е тоа така, редно време е да се посветите на себеси.

    Од 33 до 42 бода: Вие сте на седмо небо

    Вие ги реализирате вашите соништа и вистински уживате во животот. Без разлика дали станува збор за уживање во вкусна храна или во смеењето со вашите блиски, вие точно знаете кои работи ве усреќуваат. Покрај тоа, вие имате одлично изградени односи со другите луѓе. Накратко кажано, вие го живеете животот „со полна пареа“. Најдоброто од сè е што вашето добро расположение е „заразно“. Вие се чувствувате толку добро во вашата кожа, што луѓето околу вас ве доживуваат како многу позитивна личност, која ја љубат и почитуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Angelce Reply

    Na sedmo nebo 😀

  2. Sofi Reply

    Na sedmo nebo 😀 Kafe pauza bi ve zamolila,dokolku ste vo moznost,da ni davate povekje vakvi testovi.Odnapred Vi blagodaram 🙂

  3. робче Reply

    Имам точно 32 поени! На вистинскиот пат кон среќата!
    навистина многу се забавни овие тестови! Кафе пауза давајте нешто повеќе тестови!

Напиши одговор на Sofi Откажи одговор