Тест: Дали премногу се грижите за мислењето на мажите?

Дали премногу се грижите за тоа што другите го мислат за вас? Или пак тоа се однесува само на симпатијата, момчето или сопругот? Одвојте малку време, сконцентрирајте се на прашањата и размислете за одговорот. Колку и да ви е тешко, бидете искрени.

Тест: Дали премногу се грижите за тоа што мислат мажите?

Зошто жените се грижат толку многу?

Речиси и не може да се даде прецизен одговор на ова прашање, пред сѐ поради тоа што секоја жена е различна. Но, од друга страна пак, и покрај сите разлики, тие имаат и нешто заедничко, а тоа е преголемата грижа за тоа што мислат мажите. Од една страна на ова влијаат медиумите, покажувајќи како жените треба да се однесуваат и да изгледаат, што сакаат мажите и како треба жените да им го променат мислењето. Исто така тука влијание имаат и другите луѓе и општеството и тоа преку различни разговори и однесувања. На крај, жените сами си влијаат така што ги слушаат своите несигурности или емоциите кои ги имаат кон одреден маж. Доколку сакате да проверите дали и вие спаѓате во оние жени кои премногу се грижат, тогаш обидете се да го решите овој тест. Земете лист хартија и запишете ги одговорите, а на крај соберете ги поените и прочитајте ги вашите резултати.

Дали пред него се преправате дека сте некоја друга личност?

1. Да, мора да бидам некоја друга (5 поени)

2. Многу често, за да му одговарам (4 поени)

3. Понекогаш… зависи дали треба да се менувам за него (3 поени)

4. Многу ретко, само за некои особено важни работи (2 поени)

5. Речиси никогаш, можеби само за да ја подобрам нашата врска (1 поен)

6. Никогаш, јас сум си своја (0 поени)

Дали ги менувате своите вредности за него?

1. Да, секогаш (5 поени)

2. Многу често, тоа ни дозволува да имаме полесна врска со помалку кавги (4 поени)

3. Понекогаш, зависи дали е потребно да бидам со него (3 поени)

4. Многу ретко, само за некои работи кои му се важни (2 поени)

5. Речиси никогаш, само повремено за да ги поедноставам работите (1 поен)

6. Никогаш (0 поени)

Дали се облекувате во облека што тој ја сака, но вие ја мразите?

1. Да, секогаш. Тоа го прави посреќен и повеќе го привлекувам (5 поени)

2. Многу често, тоа ги задоволува неговите желби (4 поени)

3. Понекогаш, зависи од моето расположение, но се обидувам да го правам ова затоа што тој ужива во тоа (3 поени)

4. Многу ретко, само за некои прилики за кои знам дека му се значајни (2 поени)

5. Речиси никогаш, само некогаш за да го направам среќен (1 поен)

6. Никогаш, го сакам својот стил и удобната облека (0 поени)

Дали се смеете на неговите шеги, иако тие не се смешни?

1. Да, секогаш. Тоа го зголемува неговото его и така ме сака во негова близина (5 поени)

2. Многу често, за да чувствува дека имаме повеќе заеднички работи (4 поени)

3. Понекогаш, зависи каква е шегата (3 поени)

4. Многу ретко, понекогаш го правам тоа затоа што знам дека тоа го прави среќен (2 поени)

5. Речиси никогаш, повремено само за да покажам дека имаме заеднички интереси (1 поен)

6. Никогаш (0 поени)

Дали го менувате својот изглед (боја или форма на коса, шминка и слично) само за да станете негов тип девојка?

1. Да, секогаш. Тоа го прави посреќен и повеќе го привлекувам (5 поени)

2. Многу често, тоа ги задоволува неговите желби (4 поени)

3. Понекогаш, зависи од моето расположение, но се обидувам да го правам ова затоа што тој ужива во тоа (3 поени)

4. Многу ретко, само за некои прилики за кои знам дека му се значајни (2 поени)

5. Речиси никогаш, само некогаш за да го направам среќен (1 поен)

6. Никогаш, останувам онаква каква што сум (0 поени)

Дали се интересирате и пребарувате на Интернет за неговата омилена музичка група, фудбалски тим, филм и слично, само за да бидете во можност да разговарате со него на такви теми, иако вам не ве интересира тоа?

1. Секогаш, сакам да му покажам дека имаме заеднички интереси и да го импресионирам со тоа што знам многу работи (5 поени)

2. Знаев поголем дел од работите за да му покажам дека сме слични, но сепак различни (4 поени)

3. Знаев некои работи, но се преправав дека сум глупава за да не биде очигледно (3 поени)

4. Да, но само за да станеме поблиски и да заземам поголем дел од неговиот свет (1поен)

5. Не, само поставувам прашања за да се поврземе и искрена сум околу тоа (0 поени)

Дали вложувате голем напор за да го импресионирате?

1. Секогаш (5 поени)

2. Многу често (4 поени)

3. Понекогаш, зависи од околностите (3 поени)

4. Многу ретко (2 поени)

5. Речиси никогаш (1 поен)

6. Никогаш (0 поени)

Соберете ги вашите резултати и погледнете ги одговорите

  • 0 – 7 поени

    Воопшто не се грижите за тоа што мисли мажот (или некој друг) за вас, а ова многу ретко може да се види кај жените.
  • 8 – 15 поени

    Како и секоја друга нормална жена, вие се грижите за неговото мислење, но тоа не влијае на вас или на вашиот живот.
  • 16 – 23 поени

    Вие премногу го цените неговото мислење, па тоа прави да се чувствувате лошо. Престанете пред да биде многу доцна.
  • 24 – 35 поени

    Единственото нешто што ви е важно е мислењето на вашето момче. Бидете внимателни, зашто поради ова можете да го изгубите, а уште поважно е тоа што можете да ја изгубите и почитта кон себе.

Тест: Дали премногу се грижите за тоа што мислат мажите?

Кој и да е вашиот резултат, треба да сфатите дека тоа е дел од вашиот живот и треба да го прифатите, да го промените или да бидете среќни, а тоа зависи од самите вас. Дури и вашиот резултат да е висок, тоа не е лошо, но треба да внимавате да не се грижите премногу при што ќе стигнете до точка каде што ќе се изгубите самите себеси. Анализирајте се и обидете се да сфатите на кој начин најмногу би биле среќни. Не грижете се, кога-тогаш ќе дојде вистинскиот човек за вас за кој нема да треба да се променувате или да глумите нешто што не сте.

Како да престанете да се грижите

Имајте доверба во себе, сакајте се и престанете да се менувате според тоа што сакаат мажите и да се грижите за нивното мислење. Ако тој е вистинскиот човек за вас, тој ќе ве сака такви какви што сте, уникатни и извонредни. Не заборавајте да се сакате себеси, затоа што не постои причина да не го правите ова. Останете верни на својата личност и не грижете се премногу за тоа што мислат мажите за вас, затоа што во спротивно ќе се изгубите себеси и ќе станете изморени, ќе ви биде досадно, ќе бидете тажни и лути, а и ќе пропуштите многу од вашиот живот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар