Тажна приказна за една жена-дрво во Мадагаскар

Baobab“ е кус анимиран филм кој ќе ви разбуричка по сетилата и ќе ви ја наежи кожата. Креација е на 5 студенти од универзитетот Supinfocom: Nicolas Loesner, Anaëlle Moreau, Marina Steck, Simon Taroni и Benjamin Tron, додека музиката е на Pierre Manchot.

Тажна приказна за една жена-дрво во Мадагаскар

Пред стотици години, во Мадагаскар живела една прекрасна жена-дрво баобаб. Таа била најубавото дрво во шумата, висока и грациозна креација, која ги гледа и одгледува сите жители на шумата. Нејзиниот заштитник, џиновскиот мајмун, е бестрашен и лојален. Тој попрво би умрел отколку да не успее да ја заштити жената-дрво. Но, еден ден доаѓаат луѓето…

Тажна приказна за една жена-дрво во Мадагаскар

Приказната е тажна, но чувствена и со поента, како што вели еден од креаторите „сакавме да ја подигнеме свеста помеѓу гледачите за моменталната состојба на нашата судбина“. Анимацијата и графиката се зашеметувачки. Изобилие од бои и добро обликувани карактери… Овој краток филм е одлично доживување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар