Татковците имаат поголемо влијание врз животот на ќерките за разлика од мајките

Сигурно познавате некои „татини мази“, но дали сте се запрашале какво влијание има таткото врз животот на ќерката? Според најновите истражувања, влијанието е огромно! Можеби тоа не ве изненадува, но дали сте знаеле дека татковците имаат поголемо влијание на нивните ќерки од мајките?

Татковците имаат поголемо влијание врз животот на ќерките за разлика од мајките

Истражувањето било објавено во „Списанието за семејна психологија“ (Journal of Family Psychology) и открило дека девојчињата кои имаат позитивен однос со нивните татковци се изложени на помал ризик од развивање проблеми како анксиозност или депресија. Исто така, на тие девојчиња им било попријатно да разговараат за нивните емоции и можеле да се справат со стресот на поефективен начин. На девојчињата им требаат татковците за да можат да доживеат правилен емоционален развој.

Иако најчесто се претпоставува дека мајките имаат поголемо влијание врз развојот на ќерките, таткото е од клучно значење кога станува збор за емоционалниот развој. Кога ќерката има позитивна врска со таткото, таа може да создаде позитивна слика за себе и да преземе контрола врз својот живот. Тоа не значи дека ќерките кои растат со самохрани мајки нема да се развијат како што треба, но ќе бидат поинакви на некој начин.

Колку порано се вклучат татковците во животот на нивните ќерки толку подобро. Врската помеѓу таткото и ќерката само ќе продолжи да се развива. Генерално гледано, татковците можат многу да придонесат за животот на нивните деца. Друго истражување открило дека покрај емоционалните придобивки, девојките кои имаат добар однос со татковците се физички поздрави од останатите.

„Овие резултати докажуваат дека потребно е присуството на татковска фигура во животот на децата, бидејќи има позитивно влијание на нив и мора да се дискутира на таа тема кога станува збор за бездомните деца, сираците и детската сиромаштија“, изјавиле експертите.

Меѓутоа, и улогата на мајката е исто толку важна. Мајките ги информираат ќерките за работи што треба да ги знаат. Тие ги водат за време на најтешките периоди од нивниот живот. Во секој случај, најважно е родителите да бидат вклучени во животот на децата колку што можат повеќе.

Татковото влијание на ќерките е многу силно, бидејќи татковците се првите вистински мажи во нивниот живот. Тие ги поставуваат стандардите за нивните понатамошни врски и ги поттикнуваат ќерките да се борат за своите соништа и да бидат такви какви што се. Доколку сте пораснале со прекрасен татко, не заборавајте да му покажете колку многу го цените.

Прочитајте ги и следниве 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар