Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

Психолозите и разните истражувачи со децении претпоставуваа дека за развојот на детето најважна е неговата врска со мајката, меѓутоа последните резултати покажуваат дека таткото можеби е уште поважен за животот и развојот на неговото дете.

Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

Истражувачот Роналд Ронер од универзитетот Конектикат со неговиот тим откриле дека понекогаш татковците влијаат повеќе врз развојот на децата одошто мајките. Тој со своите колеги го анализирал односот помеѓу децата и родителите ширум светот и открил дека родителите имаат многу големо влијание врз своите деца. Кога децата ќе почувствуваат дека не се сакани и нивните родители не ги прифаќаат, голема е веројатноста да станат агресивни и емотивно нестабилни. Родителското одбивање воедно доведува и до ниско самопочитување и севкупни негативности во карактерот на децата.

Ова се однесува на двајцата родители, но во некои случаи таткото е поважен фактор од мајката. Така на пример, проблемот со дрското или деликвентно однесување, депресијата и користењето наркотици се поврзани со неприфаќањето на детето од страна на таткото – објаснува Ронер. Личната среќа и задоволство на таткото од неговиот живот, се во директна релација со правилниот развој на неговото дете во адолесценцијата, а не со љубовта која доаѓа од мајката.

Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

Истражувачите ја анализирале улогата на татковците, при што ги земале предвид и оние кои не се биолошки, а не ги земале предвид оние кои се отсутни од животот на своите деца. Научниците не се сигурни зошто во некои случаи татковците се поважни од мајките во развојот на децата.

Во секое семејство постои личност која остварува поголемо влијание, личност која на пример ги организира повеќето случувања. Во семејствата во кои таткото е таа личност, неговите дела играат голема улога врз децата“ – објаснува Ронер.

Во таквите случаи децата обрнуваат повеќе внимание на она што го прави нивниот татко и затоа таткото остварува поголемо влијание. Притоа не била забележана никаква разлика во влијанието на татковата љубов кон ќерките или синовите.

Истражувачите откриле дека татковците се одговорни за подоцнежното однесување на нивните деца. Од неговиот стил на воспитување зависи дали детето во тинејџерските години ќе биде упорно или не. Ако таткото во воспитувањето на детето е постојан и има цврст став, тоа дете има помали шанси да стане деликвент и повеќе ќе се ангажира околу училишните активности.

Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

Таквото воспитување се нарекува авторитативно родителство, кое го отсликува топлина и љубов од една страна, но и почитување на правилата кои ги поставува родителот и давање соодветна автономија на детето.

Нашата студија покажа дека најефикасни татковци се оние кои ги слушаат своите деца, имаат близок однос со нив, поставуваат правила, но им ја даваат и потребната слобода на децата“ – објаснува Лаура Вокер, која е истражувач на студијата.

Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

За среќа на татковците, билогијата е тука да го поддржи доброто родителство. Истражувањето на хормоните спроведено во 2010 година, открило дека кај татковците се покачува нивото на окситоцин во првите неколку недели по раѓањето на бебето. Овој хормон на љубовта, го интензивира чувството на зближување, а таткото го добива додека си игра со неговото бебе.

Татковството исто така го намалува нивото на тестостеронот или т.н. „мачо“ хормон кој се поврзува со агресивното однесување кај мажите. Таа промена е помоќна доколку таткото е вклучен во грижата за детето.

Доброто родителство не значи одење со семејството на скапи одмори и купувањето подароци за децата.

Татковата љубов e пресудна за среќата на детето

Квалитетно проведеното време со детето е најважно. Играјте си со него, гледајте заедно филмови и одете на прошетки. Што и да правите во животот, осигурете се дека сте тука за вашето дете секогаш кога сте му потребни“ – советува Лаура Вокер.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар