Тапаните звучат сосема различно во зависност од средината

Доколку размислите и самите ќе претпоставите дека звукот на секој инструмент звучи различно, во зависност од тоа дали се свири на отворен или во затворен простор. Но, кој би рекол дека удирањето на тапани произведува сосема различен звук надвор во поле, на пат, на фудбалски терен, во гаража, во парк? Средината го менува целото тапанарско искуство, па така во зависност од околината може да звучи погласно, пожестоко, поенергично, понежно итн.

Креатор на ова видео е музичкото студио Audio Zéro, а од таму велат дека при неговата изработка не користеле никакви вештачки звуци, но голем број скептици на интернет, не веруваат дека ваквите големи варијации се возможни. Останува да тестирате сами доколку поседувате тапани, а можете и да погледнете како се снимало видеово.

Тапаните звучат сосема различно во зависност од средината


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар