Тао мисли и сфаќања за животот

Тао мисли и сфаќања за животот

Таоизмот е филозофски пат, но се смета и за религија која била формирана од страна на Лао Цу за време на античка Кина. Лао Цу е авторот на книгата „Tao Te Ching“ која ги објаснува сите Таоистички концепти. Тао што исто така се изговара и Дао, во превод значи „патот“ и е начин на живеење, размислување и постоење.

Тао мисли и сфаќања за животот

Лао Цу исто така е познат и како Лаоци – тоа е чесна титула која на кинески значи „стар господар“. Погледнете дел од неговите размислувања кои длабоко ќе ве замислат за вашиот живот…

„Кога ќе го напуштам тоа што сум, станувам тоа што можам да бидам.“

„Бидете задоволни со тоа што го имате и уживајте во нештата какви што се. Кога ќе сфатите дека ништо не недостига, целиот свет ќе ви припаѓа вам.“

„Предвидете го тешкото контролирајќи го лесното.“

„Оној кој ги контролира другите можеби е моќен, но оној кој се совладал себеси е многу помоќен.“

„Љубовта е најсилна од сите страсти, бидејќи истовремено ги напаѓа главата, срцето и сите сетила.“

„Да знаете дека да се има доволно значи да се биде богат.“

„Ако не ја смените насоката, има големи шанси да завршите онаму каде што сте тргнале.“

„Ако сте задоволни од тоа што сте и ако не се споредувате и натпреварувате со останатите, сите ќе ве почитуваат.“

„Тишината е извор на голема сила.“

„Добриот патник нема утврдени планови, ниту пак цел за пристигнување.“

„Мравка во движење може да направи многу повеќе од поспан вол.“

„Правете ги тешките нешта додека се лесни и правете ги големите работи додека се мали. Патувањето од илјада километри мора да започне со еден чекор.“

„Оној кој знае, не зборува. Оној кој зборува, не знае.“

„Ако сфатите дека сите работи се менуваат, нема да има нешто што ќе ве задржува. Ако не се плашите од смртта, нема да има нешто што нема да можете да постигнете.“

„Има само три нешта на кои можам да ве научам: едноставност, трпение и сочуство. Овие три работи се вашето најголемо богатство.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар