Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства

Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства

Словенија многупати е нарекувана „скриено богатство“. Иако сте слушнале за неа, сигурно не сте помислиле да ја посетите. Секако сте слушнале за познатите места во Словенија, како на пример главниот град Љубљана, или пак, за Бледското езеро, но оваа земја крие уште многу други убавини кои чекаат на вас. Доколку се одлучите да ја посетите, еве ви мал водич кој ќе ви помогне да ги откриете сите нејзини тајни.

1. Истражете ги замоците

(1)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Словенија е полна со замоци. И покрај тоа што дел од нив се уништени, сепак има уште многу што сè уште стојат. Некои од нив се спектакуларни, како на пример, Предјамски Град кој е вдлабен во карпа. Во 15-тиот век, сопственикот на замокот, Еразем Легер, издржал под опсада неколку месеци, сè додека не бил предаден од негов слуга. Слугата му сигнализирал на непријателот кога Еразем бил повикан од „мајка природа“, па непријателот го нападнал тоалетот со катапулт.

2. Ловење на „луѓе“ во пештерите

(2)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Има многу пештерски системи под Словенија. Додека Постоинската Јама е најпозната и најчеста дестинација на туристите, посетете ја и Шкоцијанска Јама. Пештерата изгледа како дел од светот на Господарот на прстените, а во неа се наоѓа и рибата „човек“ која е слепа и има проѕирна кожа што потсетува на човечка. Многу долго се мислело дека овие риби се всушност змејски бебиња.

3. Скриениот танец на смртта

(3)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Селаните многу често се собирале во цркви поради многуте разбојнички експедиции од Турците, кои се случувале често. Една од најимпресивните цркви е црквата Светото Тројство, која има прекрасна серија од фрески наречена „Танцот на смртта“, што датираат од 1490-та година. На фреските има луѓе, од кралеви до селани, кои се прикажани како еднакви и кои сите ги чека истото – смрт.

4. Плато од Средната Земја

(5)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Ако пештерите потсетуваат на рудниците Морија од книгите на Толкин, тогаш Велика Планина изгледа како вистински Шаер. Традиционалните дрвени колиби со чудна форма кои ги користат овчарите, навистина наликуваат на хобитските куќи во светот на Толкин.

5. Идиличен алпски град

(4)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Додека Бледското езеро привлекува најмногу внимание, самиот град е одморалиште кое застанало во 1950-тите. Наградата за идиличен алпски град е помеѓу Радовјица (веднаш до Блед) и Камник (25 минути северно од Љубљана). И двата града имаат долги пешачки патеки, месарници од 18-тиот век, црвени покриви, црквени кули и прекрасна архитектура од доцниот Барок.

Породолжете на следната страница за останатите скриени богатства во Словенија…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар