Тајната помеѓу косата и карактерот: Што зборува за вас вашата секојдневна фризура?

Нашите навики можат да откријат многу за нас. Вообичаената, секојдневна фризура не е исклучок на ова правило, бидејќи таа детално ги открива добрите и лошите страни на вашиот карактер. Плетенка, опавче, пунџа, пуштена коса… како сите овие фризури се поврзани со самата личност? Денес ви ја откриваме тајната поврзаност помеѓу вашата секојдневна фризура и вашиот карактер. Едноставно пронајдете ја на сликата подолу и прочитајте го нејзиното значење подолу…

(2) tajnata-pomegju-kosata-i-karakterot-shto-zboruva-za-vas-vashata-sekojdnevna-frizura-www.kafepauza.mk

1. Вие сте романтична личност, целосно отворена кон нови знаења и искуства. Кај луѓето барате само позитивни страни, па затоа и често се разочарувате од другите. Оптимист сте во срце и ништо нема да ве спречи да гледате на светлата страна од животот.

2. Вие сте сигурни во себе и воопшто не се грижите, ниту пак ве интересира туѓата некомпетентна критика. Немате потреба од голем број пријатели, па затоа и во вашето друштво се наоѓаат неколку личности во кои имате целосна доверба.

3. На прв поглед делувате многу горделиво. Како поинаку може да се доживува човек што постојано е во брзање со цел да ги оствари поставените цели, постојано игнорирајќи ги другите околу себе? Вие сте навикнати сè да правите сами и не барате помош од никој.

4. За оние што не ве познаваат – вие сте жени борци, додека пак за најблиските сте меки и кротки. Секогаш сте на страната на искреноста и почитта, па затоа и не дозволувате никој да ве измами или повреди.

5. Вие сте креативна личност со богат внатрешен свет. Здодевната работа од 8 до 4 не е за вас – вие живеете уметнички и креативен живот. Дозволете ѝ на оваа енергија да излезе низ вас преку разните дела што само вие можете да ги создадете.

6. Понекогаш дури и вам ви смета сопствената отвореност, бидејќи сте од оние личности што секогаш го кажуваат тоа што го имаат на ум, без два пати да размислат. Но ова има и добра страна, бидејќи во секое време сте подготвени да помогнете, дури и на непознатите.

7. Вие сте добри слушатели и детални набљудувачи. Внимавате на сите детали и токму тоа ви помага да бидете одличен водич што сите го следат.

8. Многумина мислат дека не може да се пронајде помирна личност од вас, но тие не знаат дека е подобро да не ве разлутат. Во тој случај се претворате во вистинско чудовиште со неверојатна остроумност што никој не може да ја издржи.

9. Добро развиена самодисциплина и голема самодоверба – тоа се вашите најсилни страни. Вие не сте од оние што прво мислат, а потоа дејствуваат. Кај вас важи обратното. Вие сте сигурни во сè што ќе почнете и знаете како да ги постигнете целите.

10. Вие сте креативна личност, голем интелектуалец и човек што не може да ѝ одолее на естетиката. Не поднесувате невкусност, се трудите да бидете свои и постојано барате да бидете покрај личност слични на вас.

11. Дали сте забележале дека луѓето често ви плачат на рамена? Тоа се случува поради вашите клучни карактеристики – смиреност, внимателност и совесност. Не постои човек што не би ѝ верувал на ваква личност.

12. Вие сте организирани и независни, и сакате сè кога е на своето место. Во сè барате едноставност и што и да правите, се погрижувате тоа да е јасно сфатено.

13. Вие сте вистински природни оптимисти! Го цените секој момент и не сте подготвени само да го потрошите животот за џабе. Не е лесно да ве налутат, дури иако другите не ве доживуваат така. Всушност, толку силен карактер како вас тешко е да се најде.

14. Практичност – тоа е вашата главна особина. Вам не ве интересира туѓиот живот, ниту пак озборувањата… Вие едноставно си чекорите по својот живот и не погледнувате ништо надвор од сопствената патека.

15. Можеби обожавате да мечтаете и редовно се губите во креативноста и сонувањето, но тоа не ве спречува да постигнете сè што сте замислиле. Цврсто чекорите по земја и успешно се снаоѓате во секојдневниот живот.

16. Вие сте многу мирни, а понекогаш дури и ладнокрвни. Толку силен и отпорен карактер повеќето можат само да го посакуваат.

Фризури за забава: 8 идеи за секоја должина на коса!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар