Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

Кога Томас Хауард бил мало момче, заедно со семејството се преселиле во улицата на љубовта на неговиот живот. Томас тврди дека веднаш штом ја здогледал Ајрин, знаел дека со неа сака да го помине целиот негов живот.

„Тогаш имав само 9 години и прв пат кога ја здогледав Ајрин си помислив ’Леле колку убаво девојче, таа ќе ми биде девојка’ и оттогаш мојата љубов кон неа станува сѐ посилна“, вели Томас.

Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

За кратко време Томас и Ајрин станале повеќе од пријатели. Кога биле тинејџери, заедно го поминувале времето во прошетки низ паркот и одење во кино држејќи се за рака. Иако Томас бил добар пријател со нејзиниот брат Френк, тој вели дека Ајрин секогаш му била на прво место.

„Редовно одев во нивната куќа за да го викнам Френк да си играме надвор, но на крајот на мајка ѝ на Ајрин ѝ се смачи цело време да доаѓам. Таа цело време се шегуваше дека не доаѓам поради Френк, туку поради Ајрин и беше во право“, се сеќава Томас.

Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

Толку многу бил заљубен во Ајрин што Томас ги ризикувал неговите пријателства поради неа повеќе од еднаш.

„Малку недостасуваше да се скарам со еден другар поради Ајрин. Момчето рече дека Ајрин ќе биде негова девојка, а јас му реков ’Нема шанси, таа е моја девојка’. Иако и двете бевме заљубени во иста девојка, сепак останавме добри другари“, вели Томас.

Во 1931 година Томас и Ајрин го поминувале секој можен момент заедно. Но, во 1941 година биле принудени да се разделат бидејќи 19-годишниот Томас бил повикан да служи војска за време на Втората Светска војна.

Томас безбедно се вратил дома и среќната двојка повторно била соединета. За кратко време почнале да живеат заедно и се венчале во Мај во 1945 година. Оваа година, тие ја прославиле нивната 70-годишнина.

„Во текот на нашиот заеднички живот постојано се почитувавме и убаво се однесувавме еден кон друг. Мислам дека младите луѓе можат многу да научат од тоа“, споделува 93-годишниот старец.

Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

Тој вели дека пред сѐ, овие две работи ги држеле заедно и во добро и во лошо.

„Кога бев момче, ме учеа дека треба да ги почитувам жените и кога ќе видев жена на улица или некоја од моите учителки, секогаш им симнував шапка, инаку ме казнуваа. Секогаш сум ја почитувал Ајрин. Можеби понекогаш сум правел грешки, и таа правела исто така, но секогаш сме се смирувале до крајот на денот“, објаснува Томас.

Тајната на здравата љубовна врска: По 84 години заедно тие сѐ уште се сакаат како првиот ден

Покрај почитта и доброто однесување, Томас вели дека неговата бесмртна љубов кон 93-годишната сопруга е нешто што отсекогаш постоело во нивната врска и тоа е она што најмногу го цени и негува.

„Сѐ уште сме вљубени и по сите овие години. Уште ја имам и горд сум на неа. Да ја имам таа среќа пак да поминам низ истото, повторно би се оженил со истата девојка“, додава Томас.

Дознајте повеќе за нивната неверојатна љубовна приказна од следново видео…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар