Таа се изборила со алопецијата и ќелавоста и денес е модел за рекламирање шампони!

Пред пет години самодовербата на оваа црвенокоса убавица била на ниско ниво. Таа ја губела косата и имала делови од главата што ѝ биле сосема ќелави. Многупати ѝ било срам да излезе од домот.

0-zaradi-zdravstvenite-narushuvanja-bila-kjelava-a-denes-e-model-na-shamponi-www.kafepauza.mk_

Руската убавица Анастасија Сидоров (23) имала 18 години кога нејзината коса започнала да опаѓа. Докторите ѝ дијагностицирале алопеција, нарушување кое резултира со ќелавост на делови од главата, а може да се појават еден или повеќе кругови без коса. Причината не е позната, но експертите велат дека би можел да биде стресот.

3-zaradi-zdravstvenite-narushuvanja-bila-kjelava-a-denes-e-model-na-shamponi-www.kafepauza.mk_

Анастасија вели дека тоа ја уништило нејзината самодоверба. Но, благодарение на специјалистички третмани и посебни шампони, сѐ се вратило во нормала. Денес, таа има прекрасна коса која е долга 106 сантиметри што гордо ја покажува. Таа станала дури и модел за шампоните Пантен.

6-zaradi-zdravstvenite-narushuvanja-bila-kjelava-a-denes-e-model-na-shamponi-www.kafepauza.mk_

Анастасија вели дека косата никогаш не ја носи рамна и ја остава да се исуши отприлика 60% на воздух, а потоа се служи со фен. Признава дека шампонот кој го користи содржи сулфати, а после секое миење на косата нанесува маска на база на кератин. Заедно со тоа зема и додатоци на исхрана како што се омега-3 и витамин Д.

10-zaradi-zdravstvenite-narushuvanja-bila-kjelava-a-denes-e-model-na-shamponi-www.kafepauza.mk_

Таа исто така и редовно споделува совети за прекрасна коса на својот Инстаграм профил:

„Пред да се одлучите каков шампон ќе користите, морате да знаете каков тип коса имате. Несоодветните шампони може да ја уништат вашата коса. На пример, ако имате сува коса, а користите шампон за масна, ќе ја отстраните природната маснотија, ќе ги исушите влакната, а косата ќе стане сува и кршлива“, вели таа.

11-zaradi-zdravstvenite-narushuvanja-bila-kjelava-a-denes-e-model-na-shamponi-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да погледнете повеќе фотографии од неверојатната коса на оваа убавица…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар