Светскиот политички врв некогаш и сега

Гостински пост: Филип Вирановски

„Некогаш и сега“ е секогаш непресушна тема. Се обидовме да ѕирнеме во семејните фотографии на поважните политички, религиозни, диктаторски, кралски личности… кога самите тие биле безгрижни мали деца, незнаејќи каква улога историјата ќе им додели.Светскиот политички врв некогаш и сегаБарак Обама – првиот афроамерикански претседател на САД. Роден е во Хонолулу, Хаваи. Неговите родители се запознале во 1960 на Универзитетот на Хаваи. Неговиот татко е од Кенија, а студирал во САД. Самиот Барак Обама споменува дека во тинејџерските денови користел алкохол, марихуана и кокаин. Својата сопруга, Мишел Обама, ја запознал за време на студирањето на универзитетот Харвард.Светскиот политички врв некогаш и сегаАнгела Меркел – првата жена канцелар на Германија. Нејзиниот татко бил лутерански свештеник. Поголемиот дел од детството го поминала во село, северно од Берлин. Во 1982 се развела од сопругот Урлих Меркел, задржувајќи го неговото презиме.Светскиот политички врв некогаш и сегаФидел Кастро – комунистички лидер и револуционер. Кастро е роден во Куба, како син на шпански емигрант, кој се доселил на островот поради сиромаштијата во северните делови на Шпанија. Неговиот татко станал просперитетен бизнисмен во шеќерната индустрија на Куба, па така и самиот Кастро е роден на шеќерна плантажа.Светскиот политички врв некогаш и сегаПапата Бенедикт XVI – Неговото граѓанско име е Јозеф Алоис Рацингер. Роден е во Баварија, Германија. Според законите на нацистичка Германија, Рацингер на 14 годишна возраст се приклучува на Хитлеровата Младина (според неговиот брат, тој не бил премногу заинтересиран за учеството во Хитлеровата Младина). Нешто подоцна, при крајот на Втората Светска Војна, бил регрутиран во пешадијата на нацистичка Германија. Како сојузничките армии се приближувале кон Германија, Рацингер решил да дезертира од армијата.Светскиот политички врв некогаш и сегаВладимир Путин – премиер на Русија. Роден во Ленинград (денешен Санкт Петерзбург). Неговиот татко бил војник во флотата на Советскиот Сојуз. По дипломирањето, Путин станува член на советската разузнавачка служба КГБ, на почетокот како член на втората единица, која имала контраразузнавачка задача. Набргу потоа бил преместен во првата единица, чија задача била следење на странците и претставниците на конзуларните претставништва во Ленинград.Светскиот политички врв некогаш и сегаДимитри Медведев – претседател на Русија. Роден во Ленинград во угледно, интелектуално семејство. Според неговата учителка од основно училиште, Вера Смирнова, Димитри бил дете кое секогаш било љуботиптно да дознава и учи. Во седмо одделение ја сретнал неговата сегашна жена Светлана Медведева. Таа романса тогаш му го сменила угледот на љубопитното дете кое обожава да учи.Светскиот политички врв некогаш и сегаКристина Фернандез де Кирчнер – претседателка на Аргентина. Вдовица на неодамна починатиот претседател на Аргентина Нестор Кирчнер. Живеејќи одреден период како прва дама на Аргентина, претседателските обврски и биле добро познати, па од 2007 станува прва избрана претседателка на Аргентина. Како прва дама, а потоа и претседателка, го добива приматот на жена која ја познава модата, а поборник е и за човековите права и борбата против сиромаштијата.Светскиот политички врв некогаш и сегаКралицата Елизабета II – кралица на Велика Британија. Таа е ќерка на Кралот Џорџ VI (попознат по филмот The King’s Speech, кој излезе неодамна). Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери (Елизабет по нејзината мајка, Александра по името на мајката на Кралот Џорџ V, Мери по името на нејзината баба). Нејзиното најблиско семејство ја ословува со „Лилибет“.Светскиот политички врв некогаш и сегаКралицата Беатрикс од Холандија – Нејзиниот брак со Германецот Клаус фон Амсберг, во 1966 предизвикал големи контроверзи. Клаус фон Амсберг бил Германец кој бил член на Хитлеровата Младина, а потоа работел и во Вермахт. Познати се слоганите кои тогаш го преплавиле Амстердам, како што се „Claus ‘raus!“ (Клаус надвор!) и „Mijn fiets terug“ (Врати ми го велосипедот!) што асоцирало на конфискување на велосипедите на Холанѓаните, што Нацистите го правеле за време на окупацијата на Холандија.Светскиот политички врв некогаш и сегаТарја Халонен – првата жена претседател(ка) на Финска. Родена е во работничко семејство во Хелсинки. По Втората Светска Војна нејзините родители се разведуваат, а нејзината мајка се премажува за Туре Форс, работнички активист. Нејзиниот очув и нејзината мајка извршиле позитивно влијание врз градењето на погледите на Халонен. Откако влегува во политиката, таа се залага за социјална правда на работничкиот народ, вредности со кои и самата Халонен е растена.Светскиот политички врв некогаш и сега

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. cybermagnetik Reply

    What a great web log. I spend hours on the net reading blogs, about tons of various subjects. I have to first of all give praise to whoever created your theme and second of all to you for writing what i can only describe as an fabulous article. I honestly believe there is a skill to writing articles that only very few posses and honestly you got it. The combining of demonstrative and upper-class content is by all odds super rare with the astronomic amount of blogs on the cyberspace.

Остави коментар