Светска здравствена организација: Слушајте гласна музика на слушалки максимум 1 час дневно

Светска здравствена организација: Слушајте гласна музика на слушалки максимум 1 час дневно

Според Светската здравствена организација, прекумерното слушање музика на слушалки денес, може да доведе до губење на слухот утре. Младите луѓе имаат тенденција да ја зголемат јачината до максимум додека слушаат музика на нивните мобилни уреди, а тоа се одразува на нивните уши исто како да се во многу гласен клуб. Како резултат, над 1,1 милијарда луѓе на возраст од 12 до 35 години се изложени на ризик да го изгубат својот слух.

Светска здравствена организација: Слушајте музика на слушалки до максимум 1 час дневно

Некои студии покажуваат и дека бројот на млади со оштетен слух е зголемен во последнава декада и се претпоставува дека тоа се должи на гласната музика што ја пуштаат од смартфоните. Токму затоа докторите препорачуваат слушање музика на максималната јачина до 1 час дневно, додека пак останатото време да не надминувате повеќе од 60% јачината на звукот.

Идејата е да се минимизира небезбедната навика за слушање музика која зависи од 2 фактори: колку долго слушате и колку е силен звукот. Звукот на една типична конверзација е 60 децибели, па токму затоа оваа јачина е најпрепорачлива. Звукот на булдожер изнесува 85 децибели и веќе по 8 часа слушање може да предизвика оштетување. Звуците како громот кои достигнуваат и до 120 децибели јачина можат за само 9 секунди да предизвикаат штета. Губењето на слухот од овие звуци може да биде моментално или пак, со тек на време да ги оштети деликатните структури на внатрешното уво така што ќе предизвика траен проблем.

Но, слушалките колку што се лоши, понекогаш можат да бидат и добри за здравјето на вашиот слух. Кејтлин Кемпбел, професорка на Медицинскиот универзитет во Јужен Илиноис, ги препорачува слушалките кои се поставуваат врз ушите или пак оние кои го елиминираат надворешниот звук. Бидејќи луѓето преферираат звукот од нивните слушалки да биде погласен од кој било надворешен звук, тие постојано го зголемуваат, но овие слушалки ги охрабруваат луѓето да го намалат звукот. Слушалките кои се поставуваат во ушите или кои не овозможуваат добра изолација на надворешниот звук за само 4 минути на максимално ниво може да предизвикаат трајни оштетувања на слухот.

Грижете се за здравјето на вашиот слух. Според Кемпбел>

„Жанрот на музиката која ја слушате воопшто не е важен како јачината на звукот и траењето. Но, сепак различни музички жанрови водат до преференции за различна јачина на звукот. Доколку користите слушалки кои го елиминираат надворешниот звук, можеби ќе одолеете на желбата да го зголемите звукот.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар