Свадбено слатко задоволство – свадбени торти

Автор: Бојана Мандевска

Мора да признаете дека еден од омилените моменти на свадбата е дегустацијата на свадбената торта. Целата церемонија која следува после вечерата, внесувањето на тортата во салата, нејзиното сечење и делење се забавни и интересни.

Свадбено слатко задоволство – свадбени торти

Малото запознавање со историјата на свадбената торта, како и дознавањето на некои интересни информации за обичаите и адетите поврзани со неа и сликите кои се прикажани подолу можеби ќе ви бидат од корист при изборот на вашата свадбена торта.

Свадбената торта има долга традиција. Најраните приказни поврзани со свадбената торта потекнуваат од Антички Рим, Централна Англија и Франција. Наместо денешната свадбена торта, во минатото се правел леб-погача кој се кршел со цел да ѝ донесе среќа на двојката. Младоженецот го кршел лебот врз главата на невестата за да ја скрши девствената состојба, како и да доминира врз неа. Скршената погача се делела на гостите.

Свадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени торти

Во некои делови од светот пак се правеле мали колачи кои исто така се делеле на гостите. Подоцна почнало на свадбената церемонија  да се дели блага невестинска пита. Во невестинската пита се ставал стаклен прстен. Следен за женачка/мажачка бил оној што ќе го најдел прстенот. Исто така се верувало и дека доколку не се изеде невестинската пита тоа значело непристојност и лоша среќа. Денес овој обичај е заменет со фрлањето на бидермаерот.

Свадбено слатко задоволство – свадбени торти

Бидејќи се сметало дека овошјето било симбол за плодност и долговечност, свадбените торти ги украсувале со овошје, односно овошната торта ја заменила невестинската пита. Со текот на годините, за најпрефинета и најдобра почнала да се смета тортата направена од бел шеќер. Рафинираниот шеќер бил скап и достапен само за високата класа. Колку тортата била побела и со повеќе шлаг тоа било знак за повисок социјален статус и големо богатство. Но денес, кога секоја состојка е достапна речиси за секого, шеќерот и шлагот повеќе не претставуваат симбол за висок социјален статус. Симболиката на денешната свадбена торта е плодноста, а заедничкото сечење од страна на младоженците означува заедништво, помагање и меѓусебна поддршка.

Свадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени торти

Сè што треба да направите при изборот на својата свадбена торта е да одберете вкус кој најмногу ви се допаѓа, но и да гледате таа да се вклопи во годишното време на вашата свадба, на пример може овошна торта за пролет, чоколадна за зима, торта од сладолед за лето. Потоа размислете за формата, дезенот и декоративните елементи, и на крајот изберете ја слаткарницата и мајсторот кој сакате да ви ја направи вашата свадбена торта.

Свадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени тортиСвадбено слатко задоволство – свадбени торти

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Dzeylan Reply

    Prekrasni se site 😀 :)

  2. Emily Reply

    Site se mnogu ubavi i e vlozen mnogu trud, trpenie i umesnost da se izrabotat, no jas licno bi gi izbrala br. 5 i 6

Остави коментар