Суштества кои ги засакавме поради цртаните

Ретко кој би рекол дека бубашвабите или глувците спаѓаат во слатки, мали животинки. Всушност, да бидеме искрени, поголем дел од  луѓето преферираат да бидат што подалеку од нив. Пајаците, подобро и да не ги споменуваме. Исто така, тешко дека некој би сакал скоро проѕирен дух да му биде најдобар другар. Но можеби, само можеби, за некои од ваквите суштества имаме погрешно мислење. Барем луѓето кои стојат зад цртаните филмови кои ќе ги погледнете подолу, веруваат во тоа и дури некои од нив ни ги прикажаа доста неодоливо и слатко.

Суштества кои ги засакавме поради цртаните

Стаорци

Генијалците од „Пиксар“ освен што постигнаа неверојатен успех со анимираниот филм „Рататуј“ (Ratatouille), одлично поминаа и со обидот да ги натераат гледачите барем за момент да престанат да мислат на стаорците како за штетници. Стаорецот Реми, освен што е мил и сладок, замислете умее и да готви храна за луѓето. Кој не би сакал такво милениче?

Пајаци

Сите сме ја читале „Пајажината на Клeментина“ како деца. И покрај сите обиди, не успеавте да го засакате пајакот додека ја читавте книгата? Епа тоа е едноставно неизбежно кога ќе го гледате филмот. Мора да признаеме, многу е мудар!

Гасеници

Да, да, од нив доаѓаат пеперутките, ама гасеница си е гасеница и не спаѓа баш во омилено домашно милениче. Или пак не? Оние кои го гледале „Животот на бубачката“ (A Bug’s Life) не го делат истото мислење. Гасеницата Хејмлих во цртаниот, ќе успее да ве натера многу да ја засакате пред да се претвори во прекрасна пеперутка. Тука мора да се спомене и мравката Дот, која е приказна сама за себе.

Пчели

Приказната за обичната, работлива пчела која завршила колеџ и чека вработување, а сонува да излезе од кошницата за да го види светот надвор од неа, е едноставно прекрасна. И смешна. Едно е сигурно, после цртаниот многу повеќе ќе ја цените работата на вредните пчели.

Творови

Вечниот романтичар Pepé le Pew на „Loonеy Tunes“, можеби е смрдливко, но е навистина голем фраер. Чудно, но ете, за многу луѓе овој твор е баш многу шармантен!

Огри

Добро, не дека се реални ама доста често ги има во фиктивниот свет и не се баш најпријатни за гледање. Особено после „Господар на прстените“. Но затоа, „DreamWorks“ одлично си ја завршија работата со најомилениот огар на сите времиња – Шрек. Кај овој лик, убавината и шармот навистина доаѓаат однатре.

Духови

За делот дали се реални или не нема да дискутираме, но после Каспер, ништо не е исто. На крајот на краиштата, навистина нема ништо лошо во дружба со пријателски расположен дух. А за тоа како всушност станал дух, „Famous Studios“ смислија супер начин за да не ги вадат децата од памет. Каспер се родил како дух затоа што неговите родители веќе биле духови кога го направиле. Барем во некои од верзиите на приказната стои така. И да, си има презиме, Мекфејден.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    Благодарам за филмот “Charlote’s Web”, само што го изгледав! Најдобри сте!

    • Demonic Reply

      А јас пак синоќа за прв пат го гледав Рататуј ^_^.
      Едноставно…морав да споделам = ).

Остави коментар