„Сурфање“ на каучи

Автор: Александар Ниневски

Не грижете се, ова не е текст за некои луди Австралијци кои сурфаат на каучи наместо на даска за сурфање.

Сигурно и вие сте имале некој кој „сурфал“ на вашиот кауч, само што тоа бил веројатно некој ваш пријател, колега или роднина.

Сурфање на каучи

CouchSurfing.org на интересен начин ви овозможува да стекнете нови пријатели, да запознаете нови култури и притоа да преспиете кај некој на кауч, исто како да ви е близок пријател (а најверојатно во меѓувреме и ќе ви стане).

Начинот на кој ова функционира е едноставен. Најпрво си креирате профил. Мора да пополните што повеќе информации за да изгледате што подоверливо. Потоа може да го понудите вашиот дом на „сурферите“ кои доаѓаат да го посетат вашиот град, или да побарате кауч за вас за следната дестинација која сакате да ја посетите.

Домаќините имаат опција да ги разгледаат сите понуди и да ги прифатат само оние „сурфери“ кои им се допаѓаат. Затоа „сурферите“ обично бараат место од повеќе домаќини за да им се зголемат шансите да најдат слободен кауч.

Работи кои најмногу влијаат на одлуката за да примите некој странец кај вас дома (барем според корисниците на сајтот) се референците кои ги има на профилот на „сурферот“ од корисници кај кои престојувал, дали и самиот има примено „сурфери“, како и личната порака која ќе ја пратите барајќи да преноќите на нечиј кауч.

Честопати домаќините им го покажуваат градот и знаменитостите на гостите, најдобрите места за јадење, најдобрите локали и слично.

„Сурферите“ пак им се заблагодаруваат на многу различни начини на своите домаќини за гостопримството. Најчесто приготвуваат некое традиционално јадење од земјата од која доаѓаат, им подаруваат сувенир или некоја традиционална храна или пијалак, и секако, со една искрена прегратка. Исто така, за возврат им даваат и покана да ги посетат во нивната земја.

На крај оставаат кратка порака на профилот опишувајќи го искуството, за следните „сурфери“ или домаќини да можат подобро да го оценат.

Доколку имате некое сурферско искуство, споделете го во коментарите.

Неодамна ви понудивме и една слична можност за евтино сместување насекаде во светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар