Сурфање на бикови во Индија

На годишниот фестивал „Maramadi“, кој се одржува во селата на Керала во јужна Индија, во време после жетвата, се одвиваат едни чудни трки со бикови. Два бика прицврстени еден со друг со помошна дрвена основа, се затрчуваат по оризово поле во големина на фудбалско игралиште, а „возачите“ се држат за нивните опашки и се лизгаат низ калта.Сурфање на бикови во Индија Полињата се свежо изорани, па водата прска на сите страни, додека низ нив јурат бесните бикови. Набљудувачите на овој настан стојат на безбедна далечина, бидејќи работите можат и да излезат од контрола.Сурфање на бикови во ИндијаЗа овие трки очевидците тврдат дека се многу возбудливи и напнати до самиот крај. Најчесто еден тим го сочинуваат два бика и тројца натпреварувачи. Секоја година учествуваат околу 30 тима, а натпреварот трае од пладне до самрак. За ова натпреварување, учесниците се добро обучени и се сметаат за професионалци, додека биковите се под посебен режим на исхрана. Сурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во Индија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар