Суеверија ширум светот, кои се чудни дури и за суеверните

Суеверија ширум светот, кои се чудни дури и за суеверните

Треба да земеме предвид дека суеверијата водат потекло од митот и ритуалот. Kако такви тие се неразделни поими. Митот е приказна во која луѓето верувале уште во најстаро време, а ритуалот е чин со кој се избавувале од проблемите (болест, лоша среќа, молење итн.). Па со овие предзнаења многу лесно би можеле да ги сфатиме суеверијата.

Луѓето ширум светот, со цел да си објаснат некои појави и случувања си создавале свои приказни кои станале општо прифатени верувања, денес познати како суеверија.

Англија

Во средновековна Англија се верувало дека доколку новороденчето го префрлеле преку пита кашкавал ќе има просперитетен живот.

Со јадење марула може да се остане стерилен.

Клучот за одржување на младоста е во раздавањето желади.

1-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Русија

Носењето празна кофа носи лоша среќа.

Колку повеќе измет имате на покривот, толку повеќе пари ќе имате.

Доколку некој случајно ве згазне на ногата, вратете му. Самиот чин на згазнување предизвикува недоразбирање, кавга, па доколку му вратите, го затворате кругот и недоразбирањето во иднина би се избегнало.

2-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Јапонија

Пајакот го сметаат за добар, но и за лош знак во зависниот во кој дел од деноноќието ќе го видат. Па доколку е преку ден, тоа е добар знак и не треба да се убие пајакот, но доколку го видат навечер тоа се смета за лоша среќа.

Кога се поминува низ гробишта треба палците да се стават во џеб за да се спасат од смртта.

Веруваат дека откако ќе се вратат од погреб не треба да влегуваат дома пред да си фрлат сол на главата, а тоа го сметаат како ритуал за прочистување.

3-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Индија

Луѓето за време на помрачување на сонцето не излегуваат од своите домови затоа што веруваат дека зраците се штетни.

Среда и сабота не се сечат нокти и не се мие косата затоа што ќе им донесе несреќа.

Периодот на менструација на една жена симболизира нечистотија и тогаш таа не смее да влезе во кујна и во осветените места во домот.

Како заштита од уроци користат чили пиперки и лимони.

4-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Турција

Се избегнува џвакање мастика навечер, затоа што џвакањето го поврзуваат со враќањето на мртвите.

Ако коза ви помине преку патот тоа ќе ви донесе среќа, затоа што козите го апсорбирале злото.

5-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Нигерија

Некои веруваат дека бакнувањето на бебе во уста ќе го направи размазено во понатамошниот живот.

6-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mk

Шпанија

Луѓето точно во 12 часот на Нова година, јадат по 12 зрна грозје, верувајќи дека ќе им донесе добра среќа.

ap071202059813


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар