Стилски шлемови за градски велосипедизам

Многумина одбираат да возат велосипед без заштита на главата. Најчесто изговорот е од естетски или од практични причини – како би изгледале со шлем возејќи се по градските патеки и каде да го ставиме кога ќе стигнеме на нашата дестинација?Стилски шлемови за градски велосипедизамУрбаните шлемови Closca ги надминуваат двата проблеми. Тие се дизајнирани за да можат да се склопат (сплескаат) и да се сместат во чанта. Дополнително, тие имаат стилски облик и ги има во неколку различни дезени. И згора на сè, ги имаат поминато тестовите за безбедност. Како што велат креаторите: „овие шлемови ги спојуваат модата и заштитата. Тие се избор на урбаните велосипедисти“.Стилски шлемови за градски велосипедизамЗасега се достапни 6 основни модели и 3 ексклузивни рачно изработени модели со принтови во леопард дизајн, црно животно и 100% волна со заштита за ушите. Исто така ќе биде возможно секој да си предложи и свој дизајн за кавер.Стилски шлемови за градски велосипедизамКреаторите на овој изум го претставија својот проект на веб-сајтот Kickstarter каде што побараа поддршка за финансиска помош и веќе ја остварија целта.Стилски шлемови за градски велосипедизамСтилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизамСтилски шлемови за градски велосипедизамОстанува уште да почекаме да почнат онлајн-нарачките и дистрибуцијата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар