Срцепарателни изјави од жени што поминале низ абортус и начинот на кој тоа им го променило животот

Постојат многу луѓе кои се против абортусот бидејќи сметаат дека тој е убиство. Но, понекогаш, абортусот е единственото решение. Размислете за оние жени што биле силувани, или пак, за малите девојчиња кои сè уште не ни почнале да го живеат својот живот… Зарем навистина би можеле да донесат дете на овој свет во толку лоши услови? Погледнете ги следниве изјави од храбри жени кои ја донеле вистинската одлука и абортирале иако тоа било најтешкото нешто што некогаш го направиле.

Срцепарателни изјави од жени што поминале низ абортус и начинот на кој тоа им го променило животот

„Мојот постар брат ја силуваше мојата помала сестра и таа го роди бебето бидејќи нашето семејство е многу побожно и не веруваме во абортус. Кога мојата сестра се породи, бебето имаше вроден дефект кој докторите и генетичарите објаснија дека се случува само ако таткото на бебето е нејзин брат или татко. Кога мојот брат ме силуваше мене, едноставно не можев да се натерам да поминам низ тоа. Не можев. Не можев да донесам нешто на овој свет во тие услови.“

„Пораснав во Сирија, но се преселив кај мојата баба што живееше во Америка скоро 30 години. Кога пристигнав тука без моите родители имав 13 години, и набрзо останав бремена од момче од моето средно училиште што имаше 18 години. Едноставно не можев да го родам бебето, бидејќи моето семејство се бореше во друга држава, а јас бев премногу млада и на многу лошо место за да се посветам на друг човечки живот. Сметам дека ја направив вистинската одлука бидејќи сега сум во брак, со сопруг кој навистина го сакам, и целото мое семејство е околу мене. Имам 2 мали дечиња.“

„Кога бев помлада, мојата мајка постојано имаше врска со мажи што ја злоупотребуваа. Честопати ги гледав како ја тепаат и ја влечат за коса. Пораснав во таа средина, гледајќи го тоа. Но, и јас направив грешка и на 16 години останав бремена, но знаев дека немам доволно пари, ресурси и образование да излезам од оваа лоша средина и да се грижам за мало дете. Едноставно не можев да го сторам тоа и абортирав. Денес, далеку од својата мајка, и во врска со добар маж, почнав да размислувам за нашата иднина и веќе разговараме за можноста да стапиме во брак и да имаме деца.“

„Кога имав 22 години работев со лобист и знаев дека прави лоши зделки со клиентите, како и дека ја изневерува својата сопруга. Една ноќ останав до подоцна на работа, бидејќи тој побара од мене да завршам нешто плус за него. Кога влегов во неговата канцеларија, тој веќе беше гол и ме силуваше. По овој настан останав бремена и знаев дека тој сака дете, но бидејќи судењето е долг и тежок процес, не сакав да го родам детето и да му дадам шанса да си ги побара правата како родител. Сè што сакав е да се оттргнам од него што е можно подалеку. Тоа и го сторив.“

„Тоа се случи за време на втората година од моето студирање на Стенфорд. Работев напорно да стигнам до таму, па може да се каже дека направив грешка и целосно се обвинува самата. Никогаш претходно немав секс, ниту пак пиев, тоа беше мојата прва журка, организирана од страна на едно братство. На кратко, пред да сфатам имав незаштитен секс со момче од братството и останав бремена. Не можев да им кажам на моите родители, не бев сигурна ни како ќе се чувствуваат ако им кажам дека сакам да абортирам. Но, најверојатно не е ни важно, затоа морав да го сторам тоа. Морав да му дадам приоритет на мојот успех. Знам дека звучи себично, но некако знам дека го сторив правилното. Сега сум успешна во својата кариера и подготвена да имам деца со маж кој вистински го љубам.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар