Според научниците, умот не е ограничен со мозокот

Дали некогаш сте се запрашале што всушност е умот? Ако се запрашате навистина е тешко да го дефинирате тој концепт. Дали умот е центарот и столбот на вашето битие? Дали тој е основата на вашата свест? Повеќето научници настојуваат да го дефинираат умот како резултат од мозочната активност.

spored-nauchnicite-umot-ne-e-povrzan-so-mozokot-kafepauza.mk

Мозокот е физичкиот, а умот е свесниот резултат од невроните на мозокот. Но сè повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека нашите мисли се многу повеќе од само физичка реакција.

Професорот Ден Сигел објавил книга со наслов „Ум: Патување до срцето на човечкото битие“ (Mind: A Journey to the Heart of Being Human). Во оваа книга тој го споделил своето мислење според кое нашите умови не можат да бидат ограничени со нашиот мозокот или нашето тело.

Пред околу 20 години, имало собир на 40-тина научници од кои некои биле физичари, социолози, антрополози и невролози. Нивната цел била да најдат разбирање и одговор на прашањето со кое биле соочени сите научници. Ова бил моментот кога Ден Сигел прв пат помислил на дефиницијата. Научниците заклучиле дека значаен елемент од умот може да биде дефиниран како појавен, самоорганизиран процес кој е и отелотворен и рационален, и кој го регулира дотокот на енергија и информации во и помеѓу нас.

Интересно е што главната компонента на дефиницијата укажува дека умот се проширува на нашите физички тела. Ова значи декан нашиот мозок не е само свесност и животни искуства, туку тој е самите тие животни искуства. Сигел го направил објаснувањето поедноставно и го споредил умот со брег.

„Сфатив дека ако некој ме замоли да го дефинирам брегот, дали тој е вода или песок, би требало да кажам дека брегот е и вода и песок. Не можеме да го ограничиме нашето разбирање за брегот и да инсистираме дека е едното или другото. Почнав да размислувам дека можеби и умот е како брегот. Менталниот живот за антрополог или социолог е социјален. Вашите мисли, чувства, меморија, внимание, искуства во овој свет се дел од вашиот ум.“

Поголемиот дел од идејата потекнува од математиката каде што комплексните системи се самоорганизирани. Сигел вели дека ова е основата на нашето ментално здравје. Нашите умови го исполнуваат научниот критериум во тоа дека се отворени, способни за хаос и нелинеарни.

Во математиката оптималната самоорганизација е дефинирана како стабилна, кохерентна, со енергија, флексибилна и приспособлива. Гледајќи ја оваа дефиниција, можете да сфатите дека со оваа организација ќе завршите со хаос или ригидност. А според Сигел ова се совпаѓа со многу симптоми на ментални нарушувања.

Сигел забележал многу мизерија во општеството и токму ова го натерало сега да ја напише неговата книга. Тој смета дека дел од оваа тешкотија е тоа како го гледаме нашиот ум.

„Помислив на тоа колку се чувствуваме изолирано и неповрзано. Во модерното општество постои верување дека умот е активност, а ова значи дека нашето јас кое доаѓа од умот е одделно и ние не припаѓаме. Но сите ние сме дел од животите на другите. Умот не е само мозочна активност. Кога ќе сфатиме дека ова е поврзан процес, постои масивна промена во чувството на припаѓање.“

Кога го гледаме нашиот ум како резултат на нашиот мозок, наместо како врска, тоа прави да се чувствуваме уште поизолирано. Ако ги отвориме нашите умови за навистина да ги цениме предностите на овие врски, ќе бидеме многу посреќни.

Прочитајте и нешто повеќе за 17-те нивоа на свест.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар