Спиете исклучиво на вашиот стомак? Еве што кажува тоа за вас!

Постојат бројни истражувања кои покажуваат дека секое движење кое го правите е рефлексија на вашиот карактер. Изгледа дека ова важи и за положбата во која спиете. Една од најчестите положби на спиење е на стомак, но што всушност значи ова? Најпопуларна положба на спиење е на страна, а спиењето на стомак го зазема второто место. Како и сè, и оваа положба си има свои предности и недостатоци во зависност од вашата физичка состојба и вашиот карактер. Па, доколку спиете на стомак, погледнете што тоа кажува за вас.

1. Преземате ризици

(2)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Оние кои спијат на стомак многу често се опишувани како луѓе кои се отворени и забавни. Овие луѓе се со слободен дух и секогаш сакаат да пробуваат нови и возбудливи работи. Тие ги следат нивните желби без разлика на последиците.

2. Можете да бидете премногу наметливи

(3)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Не можете да му судите на некој бидејќи знае што сака и не дозволува ништо да го спречи во остварувањето на својата желба. Но, постојат храбри луѓе, како и неучтиви, а луѓето кои спијат на стомак многу често знаат да бидат токму такви. Овие луѓе можат да бидат многу храбри, но додека движењето кон целта не е лоша карактеристика, нема потреба да бидете неучтиви додека го правите тоа.

3. Лошо се справувате со критиките

(4)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Луѓето кои спијат на стомак изгледаат како да се полни со самодоверба. Сепак, тие тешко се справуваат со критиките кои ги добиваат од другите. Кога се набљудува говорот на телото на овие луѓе, може да се дојде до заклучок дека тие не се толку сигурни во себе колку што изгледаат. Со самата положба на спиење, тие го заштитуваат најранливиот дел од нивното тело и му го „вртат грбот“ на целиот свет.

4. Се чувствувате ранливо во врските

(5)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Кога го делите креветот со вашиот партнер, нормално е да се допрете во текот на спиењето. Без разлика дали сте прегрнати или ви се допираат само нозете, ова е знак дека вашата врска е стабилна. Но, спиењето на стомак е сосем друга работа. Луѓето кои спијат на стомак додека го делат креветот со некого покажуваат знаци на анксиозност, емоционален страв, ранливост и недостаток на контрола во врската.

5. Склони сте кон проблеми со грбот и вратот

(1)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Можеби сметате дека оваа позиција е одлична за вашиот грб и врат, но таа лесно може да ви предизвика проблеми. Тежината на вашиот абдомен, кој е најтешкиот дел од телото, може да создаде притисок на вашиот ‘рбет. ‘Рбетот не е во својата природна положба, а ова може да предизвика неколку здравствени проблеми како болки во вратот и грбот.

6. Веројатно имате многу здрав дигестивен систем

(7)dali-spiete-na-vashiot-stomak-eve-shto-kazhuva-toa-za-vas-kafepauza.mk

Според професорот Крис Изиковски, спиењето на стомак може да ја поттикне здравата дигестија. Покрај тоа, лежењето на стомак ја олеснува дигестијата, вашето тело полесно се ослободува од гасовите и го избегнува воспалението.

Погледнете и што кажува вашата положба на спиење за вашите љубовни навики.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар