Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико

Џон Божјиот е португалски војник од 16-тиот век којшто воената служба ја заменил со отворање болници и грижа за болните. Поради тоа бил прогласен за светец и заштитник на болниците, болните, болничарите, пожарникарите, алкохоличарите и продавачите на книги, а жителите на мексиканскиот град Тултепек го сметаат и за заштитник на произведувачите на пиротехника. Затоа тие му оддаваат почит преку организација на спектакуларен деветдневен фестивал на пиротехника.Спектакуларниот фестивал на пиротехника во МексикоВо Тултепек се произведува половина од целокупниот пиротехнички материјал во Мексико. Тие секоја година го организираат овој фестивал, составен од натпревари, паради, концерти и многу танцување. Најважниот дел се вика Памплонада, крстен според традицијата на трчање со биковите во Памплона. Нивните „бикови“ се изработени од хартија, картон, жица и дрво, а на нив се прикачува многу пиротехника пред да почнат со парадирање низ градот. Овие фотографии сликани од фотографот Томас Прајор се токму од Памплонадата и во целост ја доловуваат целата магија на огнометите и останатата пиротехника. Секако, иако се дојдени за да уживаат, посетителите мораат и да бидат внимателни со она што се случува околу нив.Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико Спектакуларниот фестивал на пиротехника во Мексико


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар